Парфем со мирис на вселената направен по „рецепт“ од НАСА

Ако некогаш сте посакале да мирисате како вселената, сега имате можност за тоа. Парфемот наречен Eau de Space е овде за да ви ја исполни желбата.

eau-de-space-parfem-so-miris-na-vselenata-napraven-po-recept-od-nasa-01.jpg

Ние не можеме да ја помирисаме вселената, но астронаутите велат дека воглавно, има мирис на загреан метал, пржен бифтек и, кој би рекол, на рум и малини.

Во 2008-ма година од НАСА првпат се обиделе да ја создадат оваа арома. Тие му рекле на Стивен Пирс, експерт за храна и директор на фабриката за парфеми Omega Ingredients, да направи мирис според описот на астронаутите.

Целта на проектот била за тренинг на астронаутите пред да ги лансираат во орбитата. Пред астронаутите да тргнат на мисија, тие минуваат време во околина каква што ги чека во вселената, па мирисот им овозможувал пореално искуство.

eau-de-space-mirisajte-kako-vselenata-so-parfemot-napraven-spored-recept-od-nasa-01.jpg

Интересно е што формулата за овој мирис беше тајна со години, сè додека Мет Ричмонд не успеал да допре до рецептот. Тој е всушност личноста одговорна за Eau de Space.

„Мирисот на вселената беше затворен со години. Но со посветеност, упорност и многу среќа, успеавме да го извадиме“, вели тој.

Мет почнал да собира пари за да го направи парфемот со кампања на Kickstarter, а за помалку од 24 часа ги собрал потребните средства.

Од компанијата не планираат масовно да ги произведуваат парфемите, а ако сакате можете да си набавите шишенце по цена од 29 долари, или да донирате 15 долари за кампањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *