Прстенот од 1,2 милиони со кој Бен Афлек ја запроси на Џеј Ло – што се случи со прстенот?

Се сеќавате ли кога Бен Афлек и Џенифер Лопез беа најозборуваниот холивудски пар? Нивната врска траеше едвај година и пол, но во тој период се случија многу нешта, вклучувајќи ја и нивната свршувачка.

shto-se-sluchi-so-verenichkiot-prsten-od-1,2-milioni-so-koj-ben-aflek-ja-zaprosi-jlo-01.jpg

Нивната врска никогаш не се претвори во брак, па можеби ќе ве интересира што се случи со вереничкиот прстен што Бен ѝ го даде на Џеј Ло.

Актерот ја запроси пејачката во 2002-ра, и тоа со дијамантски прстен кој чини 1,2 милиони долари. До 2003-та, тие ја раскинаа свршувачката, па сите почнаа да се прашуваат што се случи со прстенот на Џеј Ло, што до ден-денес ги интересира. Вистината е дека нема некоја посебна приказна за тоа.

Да се потсетиме на нивната врска…

Заборавениот холивудски пар

Бен и Џеј Ло се запознаа на сетот на филмот Gigli, а ги потврдија гласините за врската дури откако заврши снимањето. Фановите беа толку возбудени, што Бен и Џеј Ло се првиот пар кој доби заедничко име – Бенифер.

shto-se-sluchi-so-verenichkiot-prsten-od-1,2-milioni-so-koj-ben-aflek-ja-zaprosi-jlo-02.jpg

Милионскиот веренички прстен

Кога Бен ја запроси Џеј Ло, целиот свет беше изненаден, но најмногу поради вереничкиот прстен.

Актерот изјави дека отишол кај Хари Винстон, еден од најпрестижните златари во светот, и го купил најскапиот прстен што може да го најде, кој тогаш чинел 1,2 милиони долари. Прстенот е украсен со розов дијамант, кој е особено редок, и кој има шест карати.

Пејачката уште тогаш изјави дека е вљубена во прстенот, а за него зборува и денес.

shto-se-sluchi-so-verenichkiot-prsten-od-1,2-milioni-so-koj-ben-aflek-ja-zaprosi-jlo-03.jpg

Што се случи со прстенот?

Парот се раздели во 2003-та без воопшто да направат венчавка, а Џеј Ло одлучила дека најдобро е да му го врати прстенот на Бен.

Штом ја откажале свршувачката, Џеј Ло веднаш му го вратила прстенот, но интересно е што актерот никогаш не откри што направил со него.

Многу фанови се убедени дека Бен сè уште го чува прстенот, и веројатно го направил вистинскиот избор. Бидејќи станува за навистина редок дијамант, неговата вредност денес сигурно е многу поголема од 1,2 милиони што ги платил тогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *