Три коктели освежувачки кои може да ги направите и дома

Без разлика дали ќе биде мини дружба со најблиските (според препораки) или само сакате да се релаксирате после долгиот напорен ден, коктелите се секогаш одличен начин да се освежите.

tri-letni-osvezhuvachki-kokteli-shto-mozhete-da-gi-napravite-i-doma-01.jpg

Билките како рузмарин и нане, но и овошјето како јагоди и боровинки, се заштитен знак на летото, а со нив можете да направите секакви освежителни коктели.

Во продолжение погледнете три едноставни рецепти за летни коктели што без проблем ќе ги направите и дома:

Хуго коктел

Потребни состојки (за една чаша):

  • 3/4 чаша пенливо бело вино
  • 1 лажица сируп од бозел
  • Минерална вода (за да ја дополните чашата вино)
  • Неколку ливчиња нане
  • Парчиња лимон

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во чаша, промешајте и додајте неколку коцки мраз.

tri-letni-osvezhuvachki-kokteli-shto-mozhete-da-gi-napravite-i-doma-02.jpg

Сангрија

Потребни состојки (за еден бокал):

  • 1 мал лимон, исечен на тенки парчиња
  • 1 голема праска, исечена на тенки парчиња
  • 5-6 големи јагоди, исечени на тенки парчиња
  • Бело вино
  • 1/4 шолја вотка
  • 1/4 шолја сируп по желба (за засладување)
  • 1 шолја минерална вода
  • 1-2 шолји искршен мраз

Начин на подготовка:

  • Исеченото овошје ставете го во бокал, а потоа додајте го и виното. Додајте ги и вотката и сирупот.
  • Измешајте ги состојките и оставете го пијалакот да отстои 2-6 часа.
  • Потоа, наполнете ги чашите до половина со сангрија, вклучувајќи ги и парчињата овошје, и додајте уште малку минерална вода.
  • На крај додајте го и мразот.
tri-letni-osvezhuvachki-kokteli-shto-mozhete-da-gi-napravite-i-doma-03.jpg

Шприцер со боровинка и лимон

Потребни состојки (за еден бокал):

  • 2 шолји замрзнати боровинки
  • 2 лимони, исечени на тенки парчиња
  • 1/2 шолја вотка
  • 1/2 шолја сируп по желба
  • Минерална вода
  • Рузмарин, нане или босилек за декорација

Начин на подготовка

  • Во бокалот измешајте ги боровинките, лимонот и сирупот. Можете малку да ги изгмечите боровинките и лимонот со дрвена лажица за да пуштат сок.
  • Додајте ја вотката, поклопете го бокалот и ставете го да отстои во фрижидер. Колку подолго стои внатре, толку посилен ќе биде вкусот.
  • Кога ќе го ставите пијалакот во чаша, додајте малку минерална вода и мраз, и украсете со лимон и рузмарин, нане или босилек.
tri-letni-osvezhuvachki-kokteli-shto-mozhete-da-gi-napravite-i-doma-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *