Работи кои ги научив откако сврешиникот ме остави неколку месеци пред свадбата

Една девојка раскажува за своето болно искуство кога била оставена пред свадбата и порачува: „Ако некогаш интуицијата за нешто ви вели дека нема да функционира, да знаете дека нема да функционира.“

6-raboti-koi-gi-nauchiv-otkako-svrshenikot-me-ostavi-nekolku-meseci-pred-svadbata-01.jpg

Исповед на една девојка чие срце било скршено…

Многу луѓе минале низ ужасни разделби, но јас ја помнам 2018-та како да беше вчера затоа што свршеникот ме остави само неколку месеци пред свадбата.

Личноста со која мислев дека ќе го минам остатокот од животот на суров начин ме научи на некои лекции:

Ако некогаш интуицијата за нешто ви вели дека нема да функционира, да знаете дека нема да функционира.

Ако еден ден сте на седмо небо, а наредниот го молите да ви посака „добар ден“, тогаш врската со него нема да трае.

Вашето минато и споменувањето на детали од истото е поважно од што мислите.

Ако постојано ви споменува што му пречело во вашето минато и констатно ги вади на површина вашите наводно погрешни потези, тогаш знајте дека тој никогаш нема да се помири со тоа, а паралелно ниту вам нема да ви даде мир.

Луѓето однадвор мислат за вашата врска многу повеќе, отколку што мислите вие самите.

Откако го минав својот процес на тагување поради разделбата, потешко ми беше соопштувањето на луѓето дека сме се разделиле и некои навистина сакаа да ми ставаат сол на раната.

Во ништо не избрзувајте, особено не кога кажувате „да“ за брак.

Не подлегнувајте на притисокот дека сте стари и дека мора да стапите во брак, тоа е навистина сериозна одлука и само ако со некоја личност сте заедно долго време, не значи дека со таа личност мора да го минете животот.

Научете се со работите да се соочувате сами во животот.

Јас имав момче по момче и сфатив дека запоставив сѐ останато, а и станав многу зависна од други луѓе, заборавив како е да носиш одлуки сама.

Изберете прошка секогаш.

Бев бесна и лута и разочарана, но за свое добро одлучив да му простам и да продолжам понатаму. Имам само еден живот и не планирам да го минам  огорчена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *