Бака Прасе најпознатиот српски Јутубер – обвинет за педофилија, стан од 2,5 милиони евра

Најпознатиот српски Јутубер се најде среде скандал со педофилија и наводно му се заканува дури и затвор, но Бака Прасе вели дека сето тоа е клевета и планира да поднесе тужби.

stan-od-2-5-milioni-evra-skandal-za-pedofilija-baka-prase-23-najpoznatiot-srpski-jutuber-01.jpg

Богдан Илиќ е 23-годишно момче од Србија кое стана еден од најпознатите Јутубери во оваа држава, па и во регионот.

Тој има повеќе од еден милион следбеници на Инстаграм, a 1.8 милиони на Јутуб.

Вели дека месечно заработува повеќе од 115.000 евра од реклами на своите канали, а лансираше и своја модна линија.

Неодамна од својата заработувачка почна да живее во изнајмен стан од 2.5 милиони евра со џакузи, сауна и низа други луксузи.

Иако многупати е дрзок и ги прави работите на негов начин за што многумина го обвинуваат, сепак тој за своите години успеа неверојатно брзо да стекне огромна популарност, а и со заработувачката да надмине многу свои колеги. 

Но, периодов тој е актуелен во српските медиуми со скандалот за педофилија. Протекоа негови наводни преписки со малолетни девојчиња, од кои една 14-годишна, како и информации дека имал секс со девојки од 14 и 16 години. Наводно ги терал да му праќаат разголени фотографии и ги канел во својот стан.

Некои сметаат дека ова е сценарио на неговите хејтери, додека други тврдат дека заслужува казна затвор. Бака Прасе вели дека ќе поднесе тужби против тие што го клеветат лажно.

Видеaта во кои Бака Прасе говори за скандалот, а ја изреволтираа јавноста:

Неговиот нов изнајмен стан:

View this post on Instagram

Imam najveću patku 🦆

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *