Децата имаат 4 и 5 години а таа сеуште ги дои, нема да престанам додека не побараат, здрави се“

38-годишната Наташа ги дои децата на нивни 4 и 5 години, вели дека мајчиното млеко им го зајакнува имунитетот и дека нема ништо лошо во тоа.

majka-gi-doi-decata-na-4-i-5-godini-nema-da-prestanam-dodeka-ne-pobaraat-zdravi-se-01.jpg

Иако периодот до кој ќе се дои детето е личен избор, сепак за многумина е чудно да слушнат дека некоја мајка ги дои децата до 5-тата година.

Наташа Киан е 38-годишна мајка која работи со луѓе со попреченост, а смета дека доењето им го зајакнува имунитетот на децата и тие сами треба да одлучат кога ќе престанат да цицаат.

Таа вели дека со првото дете, сега 19-годишниот Стивен, мислела дека доењето после 1 година е морничаво.

majka-gi-doi-decata-na-4-i-5-godini-nema-da-prestanam-dodeka-ne-pobaraat-zdravi-se-03.jpg-05.jpg

По него, таа родила уште две деца и со нив научила дека не мора да ги слуша предрасудите и дека не дозволува ништо да ѝ предизвика непријатно чувство.

„Има сериозни двојни стандарди. Во ред е жена да биде во бикини или долна облека на огромни билборди, но не е во ред мајка да храни дете? За мене, доењето е најприродното нешто во светот. Ели никогаш не била на лекар во животот, никогаш не пиела антибиотици, а Грејс само еднаш беше на лекар. Апсолутно верувам дека доењето им го направи имунитетот толку силен“.

majka-gi-doi-decata-na-4-i-5-godini-nema-da-prestanam-dodeka-ne-pobaraat-zdravi-se-02.jpg

Спротивно на тоа, кога го имала првото дете, се разболела и морала да престане да дои иако сакала да продолжи, па целото тоа искуство за неа било стресно и ветила дека со следните деца нема да дозволи да се случи ова.

Во втората бременост се зачленила во група каде видела мајка која истовремено дои две деца – едното 3-годишно, другото 18-месечно.

„Немав поим дека е можно да се дои дете после 1 година, а не па две деца во исто време. Наместо да осудувам, поставував прашања.“

Таа читала многу на темата доење после 1 година и нашла многу информации кои укажуваат дека мајчиното млеко создава вредни антитела кои им помагаат на децата да го зајакнат имунитетот и да се борат против инфекции.

Наташа нашла и информација од СЗО дека е во ред детето да се дои и до 2 години па дури и до подоцна, па според сите овие препораки, таа почнала да го практикува ова.

majka-gi-doi-decata-na-4-i-5-godini-nema-da-prestanam-dodeka-ne-pobaraat-zdravi-se-03.jpg-04.jpg

Кога го родила и третото дете, Грејс, малечката Ели уште цицала, па таа само научила како двете деца да ги дои истовремено, а тоа го правела 2 години.

Ели самата престанала да цица пред да наполни 5 години, а Грејс продолжила.

majka-gi-doi-decata-na-4-i-5-godini-nema-da-prestanam-dodeka-ne-pobaraat-zdravi-se-03.jpg

„Луѓето гледаат на доењето како да им е дозволено да критикуваат. Јас никогаш не би осудила, тоа е избор на мајката. Сум добила многу негативни и тешки коментари. Ги охрабрувам сите мајки да го прават тоа што мислат дека е најдобро за децата. Не мора да престанете да доите пред децата да бидат подготвени за тоа.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *