Жена ја преживеа короната и роди 3 здрави бебиња

Меги раскажува за своето убаво, но и на моменти застрашувачко искуство како е да се биде трудница во 2020-та година.

zhena-rodi-3-zdravi-bebinja-otkako-prezhivea-korona-01.jpg

Меги Силеро имала бременост полна со изненадувања – убави и лоши. На почетокот таа била позитивно шокирана кога дознала дека носи тројка, но потоа доживеала негативно изненадување кога дознала дека е позитивна на корона.

„Навистина не можев да верувам и знаев дека ниту поширокото семејство нема да верува кога ќе им ја кажам веста дека носам 3 бебиња. Сме немале таков случај во семејството, но близнаци имало во семејството од страна на мојот сопруг“, изјави Меги во шоуто „Good Morning America“.

Нејзината бременост се водела како бременост со висока ризичност, па постојано ѝ се вршеле прегледи. Непријатно изненадување доживеала кога направениот тест за корона ѝ покажал позитивен резултат.

zhena-rodi-3-zdravi-bebinja-otkako-prezhivea-korona-02.jpg

„Бев навистина шокирана. Моето семејство и јас бевме внимателни, јас од март не ни излегував од дома. Бев загрижена како короната ќе влијае на моите бебиња, без загрижена и за мојот сопруг и синот Александар. Се тестираше и сопругот и беше потврдено дека и тој има корона.“

Силеро вели дека била преплашена затоа што и онака докторите ја информирале дека бебињата ќе пристигнат прерано и дека тоа може да доведе до одредени компликации.

zhena-rodi-3-zdravi-bebinja-otkako-prezhivea-korona-05.jpg

Таа била тестирана за корона дури 5 пати во текот на бременоста, а нејзините бебиња во стомакот биле внимателно мониторирани. За среќа, докторите имале разбирање за нејзината паника и ја охрабрувале дека сѐ ќе биде во ред.

Бебињата се родиле здрави и на 4-ти јули наполниле 1 месец: „Одлично напредуваат и се вистински борци“, вели Силеро.

zhena-rodi-3-zdravi-bebinja-otkako-prezhivea-korona-04.jpg

„Да се биде бремена во оваа 2020 е предизвикувачко искуство и треба да сте горди за начинот на справување со истото. Не сте сами“, порачува Силеро до сите трудници.

zhena-rodi-3-zdravi-bebinja-otkako-prezhivea-korona-06.jpg

С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *