Чудни тетоважи на славните, печатни грешки и непристојни зборови

Славните често ги украсуваат нивните тела со тетоважи. Повеќето имаат истетовирано вистински ремек-дела, но голем број прават и навистина чудни тетоважи.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-01.jpg

Во продолжение погледнете ги најчудните тетоважи што си ги направиле славните:

Рајан Гослинг се обидел сам да си направи тетоважа и сакал да нацрта канџа од чудовиште. Очигледно, брзо сфатил дека тетовирањето воопшто не е лесно, па дури и самиот изјави дека тетоважата повеќе му личи на кактус.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-02.jpg

Околу три години после скандалот со Ријана, Крис Браун направи тетоважа на вратот на која е прикажано женско лице. Многумина сметаат дека тетоважата е контроверзна, па дури и се убедени дека тоа е лицето со модринки на Ријана. Пејачот тврди дека на тетоважата всушност има череп.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-03.jpg

Ако ве интересираат мемињата, сигурно сте го виделе она со Џеки Чен и неговиот збунет израз. Раперот T-Pain решил да го истетовира токму тоа.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-04.jpg

Аријана Гранде сакаше да направи тетоважа во чест на нејзината песна 7 Rings, и тоа со јапонски симболи. Но штом се пофали на интернет, фановите веднаш ѝ кажаа дека симболите не се насловот на песната, туку во превод значат „мала скара“. Аријана се обиде да ја поправи тетоважата, но оние кои разбираат јапонски велат дека повторно може да се преведе како „скара“.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-05.jpg

Кендал Џенер има тетоважа на внатрешниот дел од устата со зборот meow (мјау). Кога првпат ја покажа тетоважа, изјави дека воопшто не размислувала и дека во тој момент можела да се сети само на тој збор.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-07.jpg

Никол Ричи сакала да направи тетоважа во чест на нејзиниот хороскопски знак – Девица (Virgo). Но наместо тоа, таа го истетовирала зборот „virgin“ кој исто значи „девица“, но не се однесува на хороскопскиот знак, туку на „невина“ девојка.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-08.jpg

Џенифер Лоренс сметала дека не пие доволно вода, па на раката си ја истетовирала хемиската формула за вода како потсетник. Интересно е што бројот 2 од формулата е поставен над буквите H и O, наместо на долниот дел.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-06.jpg

Кара Делевињ го има истетовирано зборот Bacon (сланина), а нејзиното објаснување беше дека „душата ѝ била завиткана во сланина“. Веројатно ова е нејзината омилена храна.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-10.jpg

Аманда Сејфрид си го истетовирала зборот Minge на стапалото. Овој збор е неучтив израз за женски полов орган, а актерката го истетовирала бидејќи на сетот на Mamma Mia!, колегата Колин Фирт го кажувал цело време.

pechatni-greshki-nepristojni-zborovi-najchudnite-tetovazhi-na-slavnite-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *