Што се случува ако не ја измиете косата 2 седмици?

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-01.jpg

Исповед на Џен Гланц…

„Зачестив толку многу со миење на косата што во последниот период ја миев косата двапати на ден. Кога ќе им кажев на пријателките не им се веруваше.

Сите ме прашуваа зошто, а мојот одговор беше дека го сакам чувството на чиста коса и дека мојот скалп се мрси и станува нечист за само неколку часа.

Но, потоа дојде карантинот и минував многу часови во мојот удобен кревет, каде не ме гледаше никој освен мојот свршеник, па така почнав да минувам по 2, 3 дена без да ја измијам косата.

Изненадувачки стотoјбата на мојата коса почна да станува подобра. Помалку се мрсеше и изгледаше поздрава.

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-02.jpg

Изгледа со пречестото миење сум ја сушела косата и од неа сум ги измивала потребните масти за потхранување на влакното. Тоа доведе и до проблеми со скалпот, како и слабеење и губење на косата.

Всушност, кога го втривате шампонот на вашата глава сите влакна кои биле подготвени за опаѓање паѓаат наеднаш, наместо по природен пат постепено.

Затоа одлучив да се обидам да ги променам моите навики. Плус, знам дека ја оштетував редовно фарбајќи ја.

Па, така одлучив две седмици да минам без да ја мијам косата. Ме интересираше што ќе се случи.

Како изгледаа тие 14 дена?

Првите неколку дена минаа лесно затоа што косата изгледаше во ред. Само се обидував да не ја допирам многу за да не ја мрсам побрзо.

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-04.jpg

Веќе на 4-от ден почнав да забележувам дека изгледа нечисто. Од топлото време плус од вежбањето, таа почна да свети. Стигнав до точка кога ја чешлав косата по 3 до 5 пати на ден, инаку нормално ја чешлам по еднаш. Сакав маснотијата од скалпот да ја проширам на сувите врвови.

Веќе на 7-от ден состојбата беше толку лоша што почнав константно да ја носам во опавче. Беше и сува и мрсна едновремено и постојано си го чешав скалпот. На виртуелните состаноци од работа ми беше срам од изгледот на мојата коса, ја носев собрана, но бев одлучна да издржам до крај.

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-06.jpg

Во втората седмица мојата коса почна да мириса непријатно и се чувствував како пештерски човек. Лепеше и имаше мирис на некое старо сирење. Ја врзував во опавче и ставав огромен цвет како моден додаток за да го одвлече вниманието од тоа колку беше ужасна.

Текстурата на косата ми стана како да е константно влажна, иако на неа не ставав никаква вода. Скалпот ужасно ме чешаше и беше премасен.

prestanav-da-ja-mijam-kosata-2-sedmici-shto-se-sluchi-foto-05.jpg

Во последните неколку дена од експериментот ми беше тотално непријатно. Веќе не се гледав со пријателите ниту на видео повици затоа што се срамев од тоа како изгледам. Ја врзував во пунџа и веќе не се ни трудев да ја стилизирам.

Бев среќна што ја одморив косата од константното миење и од дејството на шампонот, но две седмици беа предолго.

Кога дојде 15-от ден едвај дочекав да ја измијам и 15 минути без престан го триев скалпот со шампон. Косата потоа ми изгледаше екстра чиста.

Минав уште 5 дена без да ја мијам и ја набљудував. Сфатив дека станала поцврста и дека побавно ми се мрси. Експериментот дури ја подобри и состојбата на моите испукани врвови.

Мислам дека 2-те седмици пауза од миење беа најдоброто што можев да го сторам за мојата коса. Сега ја мијам на 4/5 дена.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *