Бачев: Нема дилема, договорот со Грција е ништовен според Меѓународното право

За нас нема дилема, договорот со Грција за промена на името е ништовен според Меѓународното право, поточно според Виенската конвенција за договорно право и од тука ние го имаме како една од нашите стратешки определби во платформата “Битка за Македонија” и ветуваме пред граѓаните доколку ни дадат доверба прва задача на новата легална власт , ќе биде токму поведување на постапка за поништување на договорот. Ова што народот го слуша од Заев и Пендаровски дека Договорот е завршена работа, непроменливо, тоа заборавете го. Тоа е една голема лага на марионетската влада во Скопје, за да избрише се’ што е македонско. Ова е договор како и секој друг договор и во Меѓународното право нема веќе договори а наша среќа е што овој договор е веќе ништовен.

Во однос на начинот на кој што ме прашавте пред два дена е дадена на печатење мојата нова книга која што е на оваа тема со наслов “Меѓународно правните основи и постапката за поништување на договорот со Грција” , таму јасно потврдувам и објаснувам како како тоа ќе го направиме. Сега е потребно само да дојде до народна власт која што ќе има храброст и знаење и после тоа е многу лесно откако ќе се поништи договорот во ООН ќе се избрише од регистарот од страна на генералниот секретар. Откако ќе се поништи овој договор, веднаш ќе се поведе постапка во ООН за враќање на уставното име.

Нас ни стојат на располагање 4 меѓународно правно признати механизми како да си го вратиме името во ООН , меѓутоа како што кажав работата е малку посложена со овој договор и откако ќе го поништиме, ќе ја поведеме и постапката за враќање на името Република Македонија.

Проблемот со Грција ќе го решиме за 10 минути. Ќе и’ испратиме нота на Грција не’ признавате како Република, не?! Немаме добри билатерални односи, ние ќе си градиме билатерални односи со други држави. Да не заборавиме нас 140 држави не’ имаат признато под Уставното име пред склучувањето на овој договор, истакнува Јанко Бачев во интервју дадено за Макфакс.

Извор : Макфакс

ПР ТЕКСТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *