Бачев од Куманово: Најбитно е да си ја вратиме државата

Некаде сме на средината од изборната кампања и можам со големо задоволство да кажам дека народот масовно ја прифаќа нашата платформа, денеска сме меѓу кумановчани. Значи нашите стратешки определби во платформата “Битка за Македонија” народот ги препознава.

Ова се десет стратешки определби со кои си ја враќаме државата назад, а потоа е многу лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Исто така покрај стратешката платформа предвидуваме 1066 мерки од економскиот дел, затоа народот може да биде спокоен и во таа насока.

Сега најбитно е да си ја вратиме државата. Со овие стратешки определби ги поништуваме анти-македонските договори, кој ги склучи оваа марионетска власт со Грција и Бугарија. Го поништуваме фалсификуваниот попис од 2002 година со кој албанците лажно беа прикажани дека се 25,17% и ќе спроведеме реален попис.

Големо е задоволството еве денеска и меѓу кумановчани ја делиме нашата платформа. Убеден сум дека веќе народот нема да погреши. Народот веќе нема право на грешка, бидејќи гледате веќе имаме две партии кои што 30 години лажат, крадат ја растураат државата. Тоа всушност не се две партии, тоа е една партија која ние ја нарекуваме “Погреб за Македонија” составена од ДПМНЕ и СДС кој што континуирано го рушат македонскиот народ.

Сега ќе видиме дали на 15 јули ќе успеат да го излажат народот ДПМНЕ и СДС. Убеден сум дека овојпат народот ги препознава нивните предавнички политики и нема да згреши на овие избори. На 15 јули ќе престанеме со националните предавства. На 15 јули ќе престанеме со наредбите од странство. На 15 јули ќе победи народот. Затоа овие избори за нас се повеќе од вообичаени избори. Овие избори се всушност референдум на кој што народот ќе одлучи, или ќе се зациментира се што е македонско или ќе победат националните и патриотски сили кои што ќе ја вратат Македонија на изворните архиреденски и атомски принципи.

Главата горе македонци ова е наша држава, ние одлучуваме!  На 15 јули гласајте за “Единствена Македонија” и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” да си ја државата назад и да ја направиме Македонија убаво и пристојно место за живеење, порача Бачев во своето обраќање од Куманово.

Професорот пак Јове Кекеноски кој е Претседател на Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ)  и дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ во Куманово истакна:

Она гревчено Никола Димитров на гурбет во СДССМ вчера вели ,,Преспанскиот договор се разбира дека е ратификуван во согласност со Уставот, за него гласаа подоцна и со уставните измени 2/3 од пратениците во Собранието, а го поддржаа близу 610 000 граѓани”.

Сакам од патриотското Куманово на овој носител (амал)на туѓиот и сопствениот срам да му порачам дека:

  • Прво: повеќе од 1.200.000 граѓани на Република Македонија не гласаа за прифаќање на Преспанскиот договор и промена на името;
  • Второ: Ако е глув и слеп му порачувам да му го преведат или пак да најдат начин да му соопштат дека постои Решение на ДИК каде Референдумот е официјално констатиран и прогласен за неуспешен,
  • Трето:  Уставните измени се направени со сила, со уцена на дел од пратениците и со амнестирање на пратеници сторители на кривични дела кои се оквалификувани како учество во терористичко загрозување на уставниот поредок,
  • Четврто: Како дипломат кој растеше и учеше во времето на ДПМНЕ можел да се информира дека за пречекорување на службената позиција постои одговорност. Виенската декларација за договорно право и можел нешто да научи наместо да глуми манекен и дечко за сé.
  • Петтто. Овој Димитров нека не мисли дека нема да поведеме постапка за одговорност за неовластено потпишување на Договорот од Преспа. Нека не си прави бајрам со умот дека ке ни избега во некоја држава: Јаноста мора да знае дека Димитров воопшто немал мандат да биде потписник, бидејќи овој договор не е технички, туку суштински, идентитетски. Преспанскиот договор навлегува во внатрешни прашања во рамките на уставното право, според кои единствен што има мандат да потпишува такви договори е претседателот на Република Македонија.
  1. Добро е што полицијата го повикала еден од актерите во објавените аудио бомби, меѓутоа бараме неселективност во постапувањето. Сакаме да ги потсетиме дека постојат и други разговори каде се сторени сериозни кривични дела како Давање и примање награда за противзаконито влијание по Член 358-а и 359 од КЗ на РМ каде се правеле напори да се руши СЈО и да се спаси инвлвираните во случајот Импррија
  2. За време на корона кризава Куманово претрга многу. Претрга од своите. Централната власт и техничкиот премиер му се налутија на градоначалникот, а трпеа граѓаните. На повикот да се воведе посебна состојба во општината Куманово, Централната власт од каприц и поради нерасчистени партиски сметки и математики реагираше мошне доцна. Каде беа пратениците од Куманово и од ИЕ 2 да се вклучат и да ја расчистат оваа трагикомедија која се одигруваше на релација централна –локална власт?. Пратениците молчеа или тивко факаат страна на владата. Ги заборавија оние кои ги избрааа. Е затоа нашите пратеници нема да бидат партиски послушници.
  3. Ниските пензии и високите цени за сместување во приватни пензионерски домови им создаваат големи проблеми на пензионерите и нивните семејства. Затоа во првата година од нашиот избор ќе се заложиме да изградиме најмалку 20 старечки домови (од кои 2 во Куманово) по принципот на јавно приватно партнерство за сите стари лица кои имаат ниски примања. На овие лица државата ке им субвенционира најмалку 50% од трошоците за сместување во домовите се сé цел и тие да можат безгрижно да ги минат пензионерските денови.
  4. Корона вирусот во Македонија урива црни рекорди, небарем сме во XIV век. Централната власт е немоќна. Техничкиот премиер Вашиот кумановец Оливер се покажа неспособен, а од друга страна бара повторно мандат. За што бара повторно мандат?.За да повторно ја почуствиваме на наша коѓа неговата неспособно. Затоа треба да му се заблагодарите и да го пратоте во историјата. Исто е и со оние насилиниц кои денес слушаме како се закануваа од позиција на власт на избирачите. Зарем повтроно ке избираме вакви неотесанковци, храбри и дрски само кога се на позиција, а кои предат као мачиња и цололат кога се надвор од власта.
  5. Затоа на 15 јули драги наши Кумановци го бараме Вашиот глас да расчистиме со сите нив
    • Поранешниве беа класични арамии, а сегашниве софистицирани рекетари;
    • И едните и другите нелегално снимаат, уценуваат, рекетираат и диктираат пресуди;
    • Сегашниве го продадоа името, поранешните асистираа;
    • Меѓусебно се штитатзаташкуваат арамилак и се амнестираат

ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ И КАЗНА.

ВРЕМЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ НАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ, А НЕ ПАРТИСКИ ПЛАТЕНИЦИ и ПОСЛУШНИЦИ

ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ НА ЈОВЕ КЕКЕНОСКИ

ПР ТЕКСТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *