Каде може да гледате филм од бротче во вода? – Кино на вода во Париз

Париз дефинитивно е град на уживањето, а новиот концепт на кино на вода е уште еден доказ за тоа. Одличен начин за социјално дистанцирање.

se-otvora-kino-na-otvoreno-na-voda-vo-pariz-posetitelite-vo-brotchinja-01.jpg

Со оглед на тоа дека ситуацијата со корона вирусот ќе потрае, а со тоа и потребата од социјално дистанцирање, во Париз се отвора првото кино на отворено на вода.

Посетителите ќе имаат уникатно искуство гледајќи филм седнати во бротчиња.

se-otvora-kino-na-otvoreno-na-voda-vo-pariz-posetitelite-vo-brotchinja-02.jpg

Во новото кино „Cinema Sur l’Eau“ луѓето ќе можат слободно да гледаат филм без да се плашат дека некој им дише во врат.

Отворањето ќе биде на 18-ти јули со прикажување на филмот „Le Grand Bain“.

se-otvora-kino-na-otvoreno-na-voda-vo-pariz-posetitelite-vo-brotchinja-03.jpeg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *