Симптоми кои покажуваат нарушување на хормоните

Хормоните се специјализирани хемиски стимулатори, кои се продуцираат од ендокрините клетки, ткива и органи (ендокрините жлезди). Тие се транспортираат до сите делови на телото преку крвотокот, а во зависност од местото на дејствување, може да бидат со општо дејство или специфично дејство.

Opasni-simptomi-celosno-narusheni-hormoni-01.jpg

Но што кога работата на хормоните е нарушена и тие не функционираат добро? Како тоа се одразува врз организмот и целокупното здравје?

Неочекувана појава на акни

Акните и митесерите главно се предизвикани од затнати пори. Сепак, лекарите тврдат дека ненадејната појава на акни на лицето може да биде предизвикан од хормонални промени во организмот. На пример, многу ниско ниво на андрогените хормони доведува до појава на акни низ целото тело.

Чести главоболки

Според ендокринолозите, причината за чести главоболки (освен замор и стрес) лежи во ниското ниво на естроген. Естрогенот е женски хормон кој се произведува во јајниците и ги контролира метаболистичките процеси во мозокот и ’рбетниот мозок.

Значи, ако телото лачи премногу малку или премногу естроген, тоа може да биде причина за мигрена и постојано лошо расположение.

Фреквентна несоница

Честата несоница е многу опасен симптом, бидејќи може да биде поврзана со ниското ниво на прогестерон. Прогестеронот е природен релаксант. Тој опушта, смирува и го нормализира сонот. Промените во нивото на овој хормон често пати доведуваат до несоница.

Нивото на естроген и прогестерон е многу ниско кај жените кои штотуку се породиле. Затоа жените имаат проблем со спиењето во овој период од животот.

Зголемено потење

Ненадејното потење или треска се најчестите знаци дека нешто не е во ред со рамнотежата на хормоните. Хормоните ја контролираат телесната температура, па доколку има нерамнотежа, може да почувствувате ненадеен удар на топлина.

Овој симптом е чест по менопаузата кога нивото на хормоните е многу нестабилно. Во други случаи, овој симптом укажува на тоа дека има други здравствени проблеми во организмот кои треба дополнително да се испитаат.

Константен замор

Секој од нас се чувствува уморно одвреме-навреме. Но доколку чувствувате умор цело време, дури и кога одмарате и сте опуштени, ова може да биде знак на хормонален дисбаланс. Обично е знак дека имате проблеми во производството на тироидните хормони.

Ненадејна промена во телесната тежина

Ако имате хормонална нерамнотежа во организмот, можете да ја зголемите тежината без оглед на храната што ја внесувате. Недостатокот или вишокот на одредени хормони може да предизвика телото да складира маснотии и да губи мускули.

На пример, високото ниво на естроген, кортизол или инсулин со ниско ниво на тестостерон може да доведе до складирање на маснотии во стомакот. Ниското ниво на тироидни хормони го забавува метаболизмот и доведува до зголемување на телесната тежина.

Паѓање на косата

Претераното губење на косата може да биде предизвикано од тироидните хормони, инсулинот или тестостеронот. На пример, тестостеронот ги прави мажите поголеми и повлакнести. Меѓутоа, кога жените имаат високи нивоа на тестостерон, тие често почнуваат да ќелават.

Проблеми со варењето на храната

Повеќето луѓе веројатно имаат проблеми со варењето и стомакот во некои ситуации како резултат на зголемен стрес и нервоза. Таквиот ефект е предизвикан од големо ослободување на хормони поради стресот. Високите нивоа на естроген влијаат на цревната микрофлора.

Други истражувања пак покажуваат дека високото ниво на хормони во јајниците доведува до грчеви и болки во стомакот.

Неконтролирани напади на глад

Нашето тело синтетизира хормони кои се одговорни за апетит и глад. Нерамнотежата на овие хормони доведува до неконтролирани напади на глад. Двата главни хормона мора да бидат во рамнотежа за да го контролираат гладот – лептин и грелин.

Лептинот го намалува чувството на глад кога јадеме нешто, а грелинот го прави спротивното – тој ни овозможува да сфатиме кога е време за јадење.

Заборавеност

Постојаната заборавеност и недоволното фокусирање може да бидат предизвикани од различни фактори, вклучително и хормоналната нерамнотежа. Повторно, станува збор за ниски нивоа на естроген и кортизол.

Студиите покажуваат дека ниското ниво на естроген води до заборавеност, неможноста за фокусирање и „маглив“ ум. Ниското ниво на кортизол влијае на краткотрајната меморија.

Промени во градите

Промената во големината на градите е еден од најсериозните знаци дека постои некој проблем во организмот. Ненадејниот пад на естрогенот влијае на влажноста на кожата и еластичноста. Градите го губат обликот, волуменот и се јавува промена на големината.

Во градите може да се почувствуваат грутки кои предизвикуваат страв. Најчесто промените во градите се ретки и генерално не се поврзани со карцином. Најчестите причини за овие симптоми се хормоналните промени и менопаузата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *