Цвеќиња за вашиот двор кои не бараат многу грижа

Растенијата навистина ги разубавуваат дворовите, но не секој има време постојано да се грижи за нив.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-01.jpg

Но, дури и ако немате многу време за градинарство, можете да го направите дворот ваша зелена оаза.

Во продолжение погледнете кои растенија не бараат речиси никаква грижа, а изгледаат одлично:

Хоста

Ова растение е најдобро да го посадите под сенка, односно на место каде што нема да го грее сонце повеќе од три часа дневно.

Астилбе

И ова растение не бара речиси никакво внимание, само имајте на ум дека може да измрзне на многу ниски температури.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-03.jpg

Бергенија

Овие цветови можете да ги посадите и на сонце и под сенка, а речиси и да не треба да ги наводнувате. Всушност, тие не поднесуваат многу влага.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-04.jpg

Ехинацеа

Ехинацеата цвета во средината на летото, а цветовите траат до крајот на септември. Растението вирее на речиси секаква почва и најдобро е да го посадите на место со многу сончева светлина.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-05.jpg

Ajuga reptans

Ова е растение што расте брзо и лесно може да се прошири низ вашата градина. Затоа, најдобро е околу него да ставите камчиња.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-06.jpg

Лалиња

Уште едно цвеќе што изгледа одлично, а не бара многу грижа. Само, и лалињата можат да измрзнат во зимa, па тој период веројатно ќе треба да ги пресадите.

Sedum acre

Ова растение можете да го посадите и под сенка, и на сонце, на речиси секаква почва. Понекогаш само ќе треба да ги отстранувате исушените делови.

Винка

Ова растение трпи суша и ќе треба да го наводнувате многу ретко. Цветовите цутат во мај и јуни, а растението добро поднесува и ниски температури.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-09.jpg

Љубичица

Љубичиците издржуваат пониски температури и не бараат многу наводнување.

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-10.jpg

Зачини како магдонос, босилек и слично

Ова се растенија кои не само што изгледаат убаво, туку и ќе можете да ги јадете. Најпопуларни се оригано, нане, босилек, магдонос…

rastenija-za-vashiot-dvor-koi-ne-baraat-mnogu-nega-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *