Горила покажува среден прст додека се тестира за корона вирус

Животните за жал не останаа изоставени од процесот на тестирање од корона вирус и глетката додека се мачат е тажна, а оваа горила од 196 kg дури покажа и среден прст додека лежеше.

koga-gorila-se-testira-za-korona-virus-se-machi-i-pokazhuva-sreden-prst-01.jpg

Шанго е горила од зоолошката во Мајами, која откако се степала со брат ѝ и се повредила, имала покачена температура, па покрај прегледот ѝ направиле тестирање за корона вирус.

Тестот на горилата е негативен, но 31-годишното животно очигледно се мачи додека го прегледуваат за повредата и му земаат брис, а целиот процес е фотографиран.

Горилата од 196kg е врзана и легната на кревет со цевка во устата, а во еден момент се гледа како покажува среден прст – случајно или намерно…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *