„Имам одличен секс со мојот колега, но тој не сака да ја остави жена му“

imam-odlichen-seks-so-mojot-kolega-no-toj-ne-saka-da-ja-ostavi-zhena-mu-01.jpg

Исповед на 27-годишна девојка…

„Ми се допаѓаше многу долго време и сонував за денот кога ќе завршам во кревет со него. Тој ми е колега од работа и има 30 години. Јас имам 27.

Се загреав за него уште пред една година кога тој се вработи во нашата компанија.

Изгледаше привлечно, но знаев дека е женет и мислев дека ќе запре на тоа.

Но, еден ден ме покани на пијачка и после неколку пијалаци почнавме да разговараме на разни теми.

Ми кажа дека е женет и има мали деца, но тоа не го спречи да флертува со мене. Ми се допадна и не го сопрев тоа. Завршивме бакнувајќи се интензивно .

Дојде во мојот стан и имавме неверојатен секс. Потоа неколку дена подоцна се сретнавме пак.

Искрено, се вљубив во него. Тој ми вети дека ќе ја остави жената, но сѐ уште не го направил тоа. Ме боли секојпат кога ја споменува.

Сакам да бидам со него и сакам да се омажам со него. Не знам дали има искрени намери со мене и дали навистина мисли да стави крај на бракот.

Одново и одново го прашувам за разводот. Не знам што да правам. Тој ги држи сите карти во рацете, се чувствувам заглавено.

Кога ќе размислам подобро, изгледа нема ни намера да стави крај на бракот. Веќе има дом и две мали деца. Изгледа јас сум му само за исполнување на сексуалните фантазии.  

Не знам како да ставам крај на оваа афера, а потоа пак да бидам во цивилизиран однос со него кога ќе го гледам на работа…“

извор : crnobelo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *