Како да реагирате и смирите вашето милениче во стресни ситуации

Знаевте ли дека исто како кај луѓето, стресот има лошо влијание и врз здравјето на животните?

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-01.jpg

Ако имате милениче сигурно сте забележале дека и тоа чувствува страв и анксиозност, па во овие мигови важно е да го смирите.

Погледнете како да го смирите миленичето во стресни ситуации:

Огномети

Ако вашето милениче се плаши од огномети, во тој момент обидете се да се фокусирате на него. Немојте да го игнорирате и обрнувајте му внимание додека не завршат огнометите.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-02.jpg

Шал за анксиозност

Во моментите кога вашето куче е исплашено, можете да му ставите шал околу вратот. Ако очекувате врева или нешто што знаете дека ќе го вознемири кучето, ставете му го шалот уште пред да се случи тоа. Шалот ќе му изгледа како прегратка на кучето и колку-толку ќе го утеши.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-03.jpg

Држете го кучето во раце

Кучињата неретко се плашат од ветеринар, па во овие моменти ќе биде од помош ако го кренете во раце.

Ако вашето куче не сака да го кревате, можете да го научите на тоа – секојпат кога ќе го кренете во раце, дајте му малку храна како награда. Следниот пат кога ќе одите на ветеринар, држете го кучето во раце и тоа ќе се чувствува побезбедно.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-04.jpg

Пуштете музика

Едно неодамнешно истражување покажало дека музиката го намалува стресот кај мачките, особено ако сте на ветеринар.

Науката вели дека музиката има ист ефект и кај кучињата.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-05.jpg

Навикнете го кучето на врева

Можете и да му помогнете на кучето да се навикне на гласните звуци, како оние од правосмукалка, огномети или громови. Неколкупати неделно пуштајте му вакви звуци, но што е можно потивко. Осигурете се дека кучето ќе биде удобно сместено и ќе му биде одвлечено вниманието со некоја забавна активност, а потоа тивко пуштете му ги звуците.

Со текот на времето ќе се навикне и нема да се плаши од нив.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-06.jpg

Давајте му храна кога сте кај ветеринар

Ако на миленичето му давате малку храна како награда кога сте кај ветеринар, тоа ќе почне да го поврзува прегледот со убави нешта.

После преглед, после инјекција или слично, секогаш давајте му на кучето храна како награда.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-07.jpg

Вежбајте одење на ветеринар

Одењето на ветеринар е стресно за секое милениче, а за да го смирите, можете уште дома да му покажете што ќе го очекува таму. На пример, ако знаете како, вие исечете му ги ноктите на кучето. На овој начин, сечењето нокти на ветеринар нема да му биде нешто непознато и страшно. Ова правете го само ако сте сигурни во себе.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-08.jpg

Давајте му помалку храна пред да одите на ветеринар

Денот пред да одите на ветеринар, намалете ги порциите на вашето куче. На овој начин многу повеќе ќе се израдува на храната како награда. Храната повеќе ќе му го одвлече вниманието, па прегледот ќе помине полесно.

Нормално, не треба да го изгладнувате миленичето, туку намалете ја порцијата многу малку.

kako-da-go-smirite-vasheto-mileniche-vo-stresni-situacii-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *