Костим за капење според обликот на вашето тело – туториал

Обликот на вашето тело нема никаква врска со висината или тежината, туку зависи од пропорциите на рамената и колковите.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-01.jpg

Кога ќе знаете кој е вашиот облик, ќе знаете и кои делови од телото треба да ги истакнете, а што да прикриете. На овој начин многу полесно ќе ја одбирате облеката што ви стои најдобро, вклучувајќи ги и костимите за капење.

огледнете кои модели на костими ќе ви стојат најдобро според обликот на вашето тело:

Како да го идентификувате вашиот облик?

За најлесно да го направите ова, застанете пред огледало и обрнете внимание на рамената и колковите. За да ви биде полесно, можете и да ги обележите пропорциите на огледалото.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-02.jpg

Песочен часовник: Ако рамената и колковите имаат речиси иста ширина, а половината ви е изразена и тенка, тогаш спаѓате во оваа категорија. Веројатно имате и пошироки нозе и поголем задник.

Правоаголник: И овојпат рамената и колковите се со иста ширина, но половината не е тенка и изразена. Ова тело се смета за атлетски градено, бидејќи најчесто има и мускули.

Овална форма: Овде спаѓаат девојките со големи гради и стомаче, а со потесни колкови.

Триаголник: Ако имате широки колкови, а потесни рамена и половина, тогаш спаѓате во оваа категорија.

Превртен триаголник: Ако, пак, имате пошироки рамена, а тесни колкови и половина, тогаш вашето тело има форма како превртен триаголник.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-01.jpg

Најдобриот костим за капење според вашиот облик

Песочен часовник: Ако спаѓате овде вие сте навистина среќни бидејќи на ова тело, сите модели изгледаат добро. Слободно носете и бикини и едноделни костими за капење.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-03.jpg

Правоаголник: За да додадете облини на вашата фигура, одберете модел без рамки. Добро ќе ви стојат и костими со панделка или јазол на градникот.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-04.jpg

Овална форма: Добро ќе ви стојат еднобојни модели, или костими со вертикални линии кои визуелно ќе ја издолжат вашата фигура. Одлично ќе изгледате и во едноделни костим со засеци од страните. Бидејќи имате големи гради, одберете костим со добра потпора.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-05.jpg

Триаголник: Вие треба да ги нагласите рамената, па одлично ќе ви стојат костими со шарен горен дел. Ако носите бикини, најдобро е долниот дел да биде во една боја и без украси.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-06.jpg

Превртен триаголник: Одберете костим што ќе ги нагласи вашите колкови. На пример, ако носите бикини, долниот дел нека биде со интересен дезен или украс, а горниот нека биде еднобоен.

kako-da-go-odberete-sovrsheniot-kostim-za-kapenje-spored-oblikot-na-vasheto-telo-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *