Некултура на денот : природата околу Марков манастир прекриена со ѓубре

Доказ дека човекот е најголем загадувач на природата се овие фотки од Марков манастир и околината која е претворена во депонија.

narodot-si-ja-pokazhuva-nekulturata-prirodata-okolu-markov-manastir-prekriena-so-gjubre-01.jpg

Наместо да ја чуваме природата во Македонија, во која летово очигледно конечно ќе може целосно да уживаме, некои луѓе немаат грам совест и култура.

Марков манастир е едно од поубавите места во околината на Скопје, каде луѓето често знаат да прошетаат и да направат излет и пикник.

Овие излетнички места ги користат голем број луѓе и треба да им се радуваме што ги имаме, но иако има такви кои после себе уредно ќе си го соберат ѓубрето па дури и ќе си го однесат со себе до првиот контејнер, секогаш постојат оние кои зад себе оставаат доказ за нивната некултура.

На Фејсбук вирално се проширија фотки од природата во дворот околу Марков манастир и Маркова Река, која е претворена во депонија.

Цели вреќи ѓубре, кесички од смоки, шишиња од вода, сокови и пиво фрлени во тревата, па дури и во реката, а контејнерот очигледно никој не го гледа.

Жално што некои луѓе никогаш нема да научат како треба да се однесуваат…  

narodot-si-ja-pokazhuva-nekulturata-prirodata-okolu-markov-manastir-prekriena-so-gjubre02.jpgфото: Фејсбук профил на Мирче Котевски

narodot-si-ja-pokazhuva-nekulturata-prirodata-okolu-markov-manastir-prekriena-so-gjubre03.jpgфото: Фејсбук профил на Мирче Котевски

narodot-si-ja-pokazhuva-nekulturata-prirodata-okolu-markov-manastir-prekriena-so-gjubre04.jpgфото: Фејсбук профил на Мирче Котевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *