Навредлив хороскоп од 1979-та, што мислите вие?

На Твитер, се појави хороскоп кој ги опишува хороскопските знаци како личности и многу брзо стана вирален. Хороскопот е навредлив, но луѓето сметаат дека е вистинит и покрај тоа што описот е дрзок.

viralen-navredliv-horoskop-od-1979-ta-lugeto-velat-deka-e-vistinit-01.jpg

Проверете дали се во право, но не се вреѓајте…

Овен

Вие сте секогаш први во сѐ и уверени сте дека никој друг освен вас нема појма од животот и се глупаци. Немате воопшто трпение и не прифаќате никакви совети.

Бик

Практични сте и упорни, фокусирани на работата. Многумина би ве окарактеризирале како тврдоглави и тупави. Вие сте еден обичен комунист.

Близнаци

Размислувате брзо и сте интелигентни. Луѓето ве сакаат бидејќи сте бисексуални. Очекувате премногу за возврат, а сте вложиле малку. Вие сте евтина ку*ка.

Рак

Емпатични сте и наоѓате разбирање за другите луѓе и нивните проблеми – а, ова ве прави наивни и глупави. Секогаш ги одложувате обврските и затоа не ве бива за ништо. Имате потенцијал да станете затвореник.

Лав

Верувате дека сте роден лидер, а сите други мислат дека сте будала. Повеќето Лавови се насилни. Вообразени сте и не знаете да прифатите искрена критика. Вашата ароганција е одвратна. Најголем дел од времето го поминувате во бакнување на својот одраз во огледалото.

Девица

Вие сте логичар и мразите неред. Ова не можат да го поднесат вашите пријатели. Немате никакви емоции и често знаете да задремете за време на секс. Девиците се добри возачи на автобус и макроа.

Вага

Креативни сте и уметнички настроени, но немате никаков допир со реалноста. Ако сте машко, вие сте никој и ништо. Повеќето жени Ваги се проститутки. Можно е венерична болест да биде причина за вашата смрт.

Скорпија

Вие сте најлош од сите знаци. Во работата никој не може да ви верува. Напредувате само затоа што ви недостасува етика во работењето. Скорпиите се познати убијци.

Стрелец

Вие сте голем оптимист и ентузијаст. Работите ги правите со среќа затоа што немате никаков талент. Повеќето Стрелци се пијаници. Никсон е Стрелец. Не сте вредни на вас да се потроши денот.

Јарец

Конзервативни сте и се плашите да преземете било каков ризик. Кукавица. Никогаш не постоел Јарец кој направил нешто значајно.

Водолија

Имате иновативен ум и сакате да бидете прогресивни. Често лажете. Ги правите секогаш истите грешки затоа што сте глупави. Сите сметаат дека сте „шутрак“.

Риби

Имате бујна фантазија и честопати мислите дека ве брка FBI или CIA. Имате влијание врз пријателите, но луѓето не ве сакаат затоа што се фалите со својата моќ. Ви недостасува самодоверба и сте одбивни.


Ова е оригиналната фотка со хороскопот кој вирално се прошири:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *