Како да се справите со стресот – техники

Стресот може да биде навистина корисен, но за да го почувствувате тоа морате да знаете да го контролирате.

tehniki-shto-kje-vi-pomognat-polesno-da-se-spravite-so-stresot-01.jpg

Ако не му дозволите на стресот да ве надвладее, тогаш ќе можете да го користите како мотивација да направите нешто што ќе ве доближи до целта или што ќе ви го подобри животот.

А, за да успеете да го контролирате стресот, сигурно ќе ви се најдат овие техники:

Бидете подобри, а не совршени

Ослободете се од идејата дека што и да правите, треба да го направите совршено. Фокусирајте се на тоа да бидете подобри и обидете се да учите од вашите грешки. Сфатете дека совршеноста не постои.

Забележувајте го и доброто, не само лошото

Стресот лесно може да ве натера да се фокусирате само на најлошото. Но, во овие моменти, натерајте се да ја видите и добрата страна. Ова ќе ви помогне да сфатите дека не е сè така црно како што ви изгледа.

tehniki-shto-kje-vi-pomognat-polesno-da-se-spravite-so-stresot-02.jpg

Заменете го „но“ со „и“

На овој начин ќе научите да ги прифаќате и негативните емоции, кои се сосем нормална појава. На пример, наместо да кажете „Се радувам што ќе живеам со дечкото, но страв ми е како ќе изгледа тоа“, кажете „Се радувам што ќе живеам со дечкото, и страв ми е како ќе изгледа тоа“. Кога треба да донесете голема одлука, нормално е да ви биде страв, па прифатете го тоа.

Делувајте

Вашето однесување и делување има влијание и врз вашите чувства, па искористете го ова во ваша корист. Кога сте под стрес, не му дозволувајте да ве надвладее, туку делувајте – направете нешто што знаете дека ве смирува, како вежбање, длабоко дишење, туширање… Можеби нема веднаш да го „исклучите“ мозокот, но со текот на времето ќе научите да го менувате вашиот фокус.

Гледајте го стресот како алатка

Немојте да го мразите стресот. Како што напоменавме, тој може да ви биде од голема корист. Кога сте под стрес, не му се спротивставувајте, туку најдете ја причината за тоа чувство и ослободете се од неа. Не заборавајте дека ако не чувствувате стрес, веројатно никогаш нема да добиете доволно поттик да делувате и да си го подобрите животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *