Лекција која секој хороскопски знак треба да ја примени до крајот на јули

Najvaznata-lekcija-za-sekoj-znak-juli-01.jpg

На половина сме од годината која ќе остане запаметена како една од најлошите во историјата на човештвото.

Сепак не смееме да се откажеме и мора да продолжиме понатаму со сите сили. Астролозите советуваат во неколку куси реченици – како полесно да го преживеете месецот јули:

Овен – Научете како да се одморите

Треба да научите како да ја ослободите тензија од себеси, без да ги малтретирате другите луѓе и да ја насочувате кон нив. Спорт, музика, читање, патување – исполнете си го времето со она што најмногу ве привлекува и наполнете ги батериите.

Бик – Поврзете се со себеси

Одвојте време за да ги разберете вашите желби и амбиции. Ѕирнете во вашата душа, затоа што дури тогаш ќе можете да донесете правилни одлуки. Немојте да брзате никаде, и покрај карантинот, си немате посветено доволно време на себеси подолг временски период.

Близнаци – Дајте за да добиете

Навикнати сте да примате (љубов, внимание, енергија, подароци …), но време е и да дадете. Вашиот партнер ќе ви донесе многу среќа, нежност и внимание овој месец, но мора да покажете почит и грижа доколку сакате да го задржите покрај вас.

Рак – Не плашете се од грешки

Сите се стремиме кон избегнување на грешките, заборавајќи дека тие нè водат кон успехот. Бидете подготвени да направите грешки и да научите од нив – и на работното место и во љубовта. Ќе се почувствувате како победник и покрај направената грешка, тоа ќе ве направи посилни.

Лав – Бидете емотивно достапни

Отсекогаш сте се плашеле од ранливост. Во јули, обидете се да бидете отворени и реални, бидејќи тоа ќе им овозможи на луѓето околу вас да ви веруваат и да ги споделат своите емоции со вас, а вие да ги споделите вашите со нив.

Девица – Извинете се

Можеби во последните денови сте имале несогласувања со вашата сакана личност. Локацијата на планетите ќе ви помогне да ги исчистите недоразбирањата, но ќе треба да се смирите и да се однесувате поумерено и поразбирливо со партнерот. Мора да сфатите дека не сите се „совршени“ и „безгрешни“ како вас.

Вага – Не гледајте кон минатото

Не правете ја оваа грешка и не ѝ се препуштајте на меланхолија. Запомнете дека минатото нема да ви каже ништо ново, затоа оставете го точно таму каде што припаѓа. Свртете го погледот кон нови луѓе, нови искуства, нови планови. Ќе ви донесат среќа.

Скорпија – Преземете ризик

За да го промените животот, мора да ризикувате. Промената секогаш води на подобро. Вие барем не се плашите како другите за да ризикувате, макар изгубиле сè. Сепак, тоа нема да се случи, бидејќи ѕвездите ви се наклонети. Бидете храбри и самоуверени.

Стрелец – Не контролирајте ги другите луѓе

Понекогаш посакуваме луѓето околу нас да се однесуваат онака како што ние сакаме. Но, вистината е дека не можеме да ги промениме другите. Почитувајте ја уникатноста и независноста на секоја личност. Кренете ги рацете од обидите за контрола и онака не ви доликува на карактерот.

Јарец – Обрнете внимание на малите работи

Сите сме во очекување на големи победи и достигнувања, заборавајќи дека тие се составени од мали, а понекогаш дури и незабележителни ситници. Немојте да ги игнорирате малите работи кои ве прават среќни. Во спротивно многу ќе се покаете доколку не ги цените навреме.

Водолија – Не грижете се толку многу

Запомнете дека вознемиреноста не е ништо повеќе од реакција на мозокот и не ја одразува реалноста. Нема смисла да размислуваме за работи што можеби никогаш не се случуваат. Премногу си го заморувате мозокот со хипотетички сценарија. Зошто се грижите толку многу – шансите да се случи тоа се речиси непостоечки.

Риби – Грижете се малку повеќе за другите

Време е да се погрижите за вашите најблиски. Многу веројатно е дека на некој од постарите членови на вашето семејство му треба повеќе внимание или помош, но вие сте го запоставиле. Имајте малку слух за потребите на другите луѓе. Прашајте ги што им е потребно доколку не сакаат самите да ви кажат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *