Дечкото и подарил прстен со неговото име – доби жестоки критики од други жени

Дечко ѝ подарил на девојката прстен на кој е изгравирано неговото име, со изговор дека е ветување додека таа да го земе неговото презиме – дали ова го сметате за романтичен или посесивен гест?

dechkoto-i-podaril-prsten-na-koj-si-go-izgraviral-imeto-dobi-zhestoki-kritiki-od-drugi-zheni-01.jpg

Освен тоа што ќе биде обврзана да го земе неговото презиме, девојка е осудена на раката да носи прстен со името на момчето, што многумина го оценуваат како ужасен чин.

На Фејсбук група каде членките објавуваат веренички прстени со кои ги исмејуваат партнерите, е објавена уште една чудна случка.

Девојка објавила фотка од прстенот кој ѝ го подарил момчето, на кој е напишано неговото име „Брејден“.

Кога ѝ го дал, тој ѝ рекол: „Ти го давам моето име додека не ти го дадам моето презиме“.

dechkoto-i-podaril-prsten-na-koj-si-go-izgraviral-imeto-dobi-zhestoki-kritiki-od-drugi-zheni-02.jpg

Членовите на групата секако не го поддржале овој чин, а дел од коментарите гласат:

„Повеќе личи на бренд отколку на романтичен гест“.

„Не благодарам, капетан Патријахат. Си имам мое име“.

„Да не сака да ти стави и поводник за куче со име и телефон на него? Знаеш, за ако се изгубиш да знаат да го побараат твојот маж“.

„Дали тој Брејден е дете? Не знам зошто инаку би сакал да го носиш неговото име на рака“.

„Слатко ако имате 15 години“.

Кое е вашето мислење?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *