Швајцарска тајна – Гимелвалд, селцето до кое се стигнува само со жичарница

Недопрена природа и спектакуларни пејзажи, мир и тишина, но и одлично швајцарско сирење – Гимелвалд е мало селце на Алпите кое е вистинско скриено богатство на Швајцарија. 

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-01.jpg

Сместено е на 1367m надморска височина, над долината Лаутербрунен, помеѓу планините Шилторн и Јунгфрау.

До селцето нема пат и не може да стигнете со автомобил – единствена опција е жичарницата од Шилторн.

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-02.jpg

Во селото живеат 130 постојани жители. Тие се научени на поинакво темпо на живот од градското – се заниимаваат со сточарство и туризам, а во секој дом можете да купите сирење кое е подготвено од домашно млеко.

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-03.jpg

Старите жители велат дека во селото има повеќе крави од поштенски сандачиња.

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-04.jpg

Гимелвалд честопати се нарекува „најдобро чувана тајна во Швајцарија“. Ова е едно од ретките преостанати места во оваа земја во која се живее без стрес.

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-04_1.jpg

Во селцето има неколку мали хотели и еден хостел. Туристите секогаш се пријатно воодушевени од природата и од љубезноста на луѓето во ова место.

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-05.jpg

Нам ни асоцира на пејзажите од амбалажата на Милка чоколадите.

Само за најхрабрите, постои челичен мост кој го поврзува Гимелвалд со соседното село Мурен.

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-05_1.jpg

Зеленило, крави, совршено чист воздух, пријатна клима – што повеќе ви е потребно?

najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-06.jpg
najdobro-cuvanata-svajcarska-tajna-gimellvald-selceto-do-koe-se-stignuva-samo-so-zicara-05_2.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *