IKEA вработени откриваат работи што не би требало да ги правите

IKEA е навистина популарна продавница, најмногу поради интересниот мебел со прифатлива цена. Компанијата има бројни продавници ширум светот, па ретко која личност не влегла во барем една.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-01.jpg

Иако можеби внатре се чувствувате како дома, и овде постојат некои правила кои е најдобро да не ги прекршувате.

Погледнете кои работи не треба да ги правите внатре, според тамошните вработени (за кога ќе ни биде дозволено да ги посетиме земјите со IKEA):

Немојте да јадете на места каде што е изложен мебелот

Секоја IKEA продавница си има свој ресторан, па најдобро јадете таму. Вработените велат дека постојано наоѓаат дамки од храна на мебелот бидејќи луѓето не го почитуваат ова правило.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-02.jpg

Не оставајте ѓубре на мебелот

Многу посетители имале навика и да оставаат ѓубре на креветите, масите, столовите…

Не заборавајте дека некој ќе треба да го чисти тоа, па најдобро е сами да си го фрлате ѓубрето.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-03.jpg

Внимавајте на децата

IKEA продавниците се како лавиринт, па лесно е да го изгубите вашето малечко.

Истовремено, внимавајте и на неговото однесување – кажете му да не трча низ продавницата, да не прави неред и потсетете го дека сепак не е дома.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-04.jpg

Не барајте од вработените да го искористат нивниот попуст за вас

Изгледа дека некои луѓе без проблем го бараат и ова. Ако им речете на вработените да го искористат нивниот попуст за вас, не само што ги ставате во непријатна ситуација, туку им го загрозувате и работното место.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-05.jpg

Немојте да се релаксирате на креветите

Ова сепак е продавница и не треба да се релаксирате на креветите, столовите и слично.

Сосема во ред е да седнете или легнете на креветот за да го пробате, но немојте да се истегнувате и да се опуштате предолго.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-06.jpg

Обидете се да ги враќате предметите од каде што сте ги земале

IKEA продавниците се огромни, па ако секој посетител ги преместува продуктите, замислете колку работа ќе имаат вработените. Ако сте се премислиле за нешто и не сакате да го купите, обидете се да го вратите на истото место.

vrabotenite-spodeluvaat-raboti-shto-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-vo-ikea-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *