Мапа на стомакот: откријте што може да ви предизвикува болка

Секоја болка во стомакот може да биде предизвикана од повеќе причини. Во секој случај, најдобро е веднаш да се консултирате со доктор, но, доколку честопати сте склони кон киселини после одреден оброк или имате искуство со камчиња во жолчното ќесе, можете и сами да ја препознаете и лоцирате болката.

mapa-na-bolki-vo-stomakot-otkrijte-sto-moze-da-vi-predizvikuva-bolka-01_copy.jpg

Болка во стомакот е секој вид болка во пределот помеѓу градите и препоните.

Ова се можни причини за болката која ја чувствувате – деловите се означени со бројче соодветно:

mapa-na-bolki-vo-stomakot-otkrijte-sto-moze-da-vi-predizvikuva-bolka-02.jpg

1. Жолчни камења, чир на желудник, панкреатит (воспаление на панкреасот).

2. Чир на желудник, киселини во желудникот, лошо варење на храната, панкреатит, жолчни камења, кила над папокот.

3. Чир на желудник, чир на дванаесетпалечно црево, панкреатит, опструкција на жолчни канали.

4. Камења во бубрезите, воспаление на мочни канали, констипација (запек), лумбална хернија.

5. Панкреатит, воспаление на слепо црево (рана фаза), чир на желудник, воспаление на дебело или тенко црево, папочна кила.

6. Камења во бубрезите, констипација, воспаление на дебело црево, дивертикуларна болест (може да предизвика крвавење во гастроинтестиналниот тракт).

7. Воспаление на слепо црево, констипација, болка во карлицата – гинеколошки проблеми, болка во препони – препонска кила.

8. Воспаление на мочни канали, воспаление на слепо црево, воспаление на дебело црево, карлична болка – гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест (може да предизвика крвавење во гастроинтестиналниот тракт).

9. Дивертикуларна болест, карлична болка – гинеколошки проблеми, болка во препони – препонска кила.

Помалку сериозни причинители на болките се: констипација како резултат на неправилна исхрана, гастритис како резултат на прекумерно создавање желудочна киселина, труење со храна или желудочна вироза. 

Задолжително консултирајте се со вашиот доктор за секој тип на болка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *