Пахира – „дрво на парите“ билка која носи среќа во домот

Пахирата или позната како „дрво на парите“ е билка за која се верува дека носи среќа на личноста која се грижи за неа.

pahira-ili-drvo-na-parite-bilka-koja-nosi-sreka-vo-domot-01.jpg

Популарна е во светот на фенг шуи затоа што се верува дека создава позитивна енергија во просторот. Дрвото на парите (Pachira aquatica) потекнува од Средна и Јужна Америка. Во природа може да порасне и до 18m, но во домот расте најмногу до 2,5m.

pahira-ili-drvo-na-parite-bilka-koja-nosi-sreka-vo-domot05.jpg

Едноставна е за одгледување – потребна ѝ е светлина и ретко полевање.

pahira-ili-drvo-na-parite-bilka-koja-nosi-sreka-vo-domot02.jpg

Сместете ја во близина на прозорец, но не директно на сончева светлина.

pahira-ili-drvo-na-parite-bilka-koja-nosi-sreka-vo-domot01.jpg

Пахирата сака и влажен воздух па можете секој ден да ја прскате со вода. Ако ја преместувате, можно е да и паднат неколку листови, но со тек на време се прилагодува на промените.

Велат дека среќна бројка се 3 или 5 дрвца Пахира во домот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *