Сексуална историја, колку алкохол пиете и уште 9 работи за кои не треба да го лажете лекарот

Сигурно барем еднаш сте бие во искушение да го излажете вашиот лекар за што било. Но, со ова само си штетите.

raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-go-lazhete-vashiot-lekar-01.jpg

Лекарот ви поставува одредени прашања не бидејќи е љубопитен, туку за да собере доволно информации за да може да ви постави точна дијагноза.

Затоа, погледнете за кои работи никогаш не треба да го лажете вашиот лекар:

Дали сте имале операција

Никогаш немојте да криете од лекарот дали сте имале некаков хируршки зафат, дури и ако станува збор за пластична операција.

Вашата возраст

Можеби од некоја причина сакате да ја скриете вашата возраст, но оваа информација му е потребна на лекарот. Понекогаш токму вашата возраст ќе му помогне на лекарот полесно да ве дијагностицира и да ви даде терапија што ќе биде ефикасна.

raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-go-lazhete-vashiot-lekar-02.jpg

Вашиот начин на исхрана

Ако го излажете лекарот дека се храните здраво, тоа нема да го промени фактот дека не внимавате на исхраната.

Ако лекарот ви рекол да избегнувате некоја храна, немојте да го лажете ако не сте го послушале неговиот совет. Подобро кажете му дека ви е тешко да го направите тоа, и тој сигурно ќе ви помогне.

Дали ја примате неговата терапија

Ако не му кажете на лекарот дали редовно ја пиете препишана терапија, тој нема да знае дали воопшто функционира и дали треба да ја промени.

raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-go-lazhete-vashiot-lekar-03.jpg

Дали пушите

Можеби ги лажете пријателите дека палите цигара само одвреме-навреме, но барем на лекарот кажете му ако пушите редовно.

Лесно е да бидете во искушение да излажете за оваа навика, но со тоа не си правите никакво добро.

Дали земате некакви суплементи

Вашиот лекар мора да го знае ова, бидејќи ако сака да ви препише терапија, треба да ја земе предвид реакцијата на лековите со суплементите што ги земате.

raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-go-lazhete-vashiot-lekar-04.jpg

Дали користите какви било наркотици

Најмногу пациентите ја кријат оваа информација бидејќи наркотиците се нелегални. Но, вашиот лекар не ве прашува за да ве наклевети, туку за да знае дали ви е потребна помош и дали наркотиците имаат влијание врз вашето здравје.

Дали сте имале абортус

Абортусот е премногу лична тема и многу жени не сакаат да зборуваат за тоа. Но ако, на пример, се обидувате да останете бремени, лекарот мора да ја знае вашата историја. Ако сте имале абортус, можеби настанала некаква повреда на матката или нешто слично, па лекарот би требало да знае за ова.

raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-go-lazhete-vashiot-lekar-05.jpg

Какво е вашето ментално здравје

Воопшто не е лесно да се „отворите“ пред вашиот лекар, но ако се чувствувате депресивно, ако имате панични напади, ако се чувствувате анксиозно, немојте да го криете тоа.

Вашиот лекар ќе ви помогне да откриете која е причината за ова и како да се ослободите од проблемот.

Вашата сексуална историја

Лекарот нема да ви суди за сексуалниот живот и треба да знае дали сте биле изложени на ризик од сексуално преносливи болести.

Затоа, бидете отворени и за ова.

raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-go-lazhete-vashiot-lekar-06.jpg

Колку алкохол пиете

Вашиот лекар треба да знае и колку алкохол пиете и дали некогаш сте имале проблеми со алкохолизам. Бидејќи и претераното пиење може да предизвика секакви здравствени проблеми, лекарот треба да знае дали треба да го земе предвид кога ќе ја поставува дијагнозата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *