„Ќерка ми сака да прави свадба во Италија среде корона, не сака да го одложи датумот“

На еден американски сајт осамна исповед на очајна мајка на невеста, како и искрен совет до неа од уредникот.

kjerka-mi-saka-da-pravi-svadba-vo-italija-srede-korona-ne-saka-da-go-odlozhi-datumot-01.jpg

„Мојата ќерка планира да прави свадба на езерото Комо во Италија во август, а во тој предел има многу активни случаи на корона вирус.

Постојано има предупредувања за посетителите на оваа област, но таа е тврдоглава и не сака да ја откаже церемонијата, иако половина од гостите веќе културно ја одбија поканата.

Дури и јас и мојот сопруг, бидејќи сме во ризичната група, не знаеме што да правиме. Таа не сака ниту да чуе за поместување на датумот. Како да не се грижи дали ние ќе бидеме присутни или не.

Ми се крши срцето, а имаме само една ќерка и оваа свадба ни значи многу.“

Совет од Џејм Џексон:

„Очигледно е дека вашата ќерка е одлучна да направи свадба во Италија и покрај здравствените ризици. Плус, откажување на свадба на дестинација има многу трошоци, па може и тоа да ѝ е фактор плус што не сака да откаже или помести.

Вие не можете да ја контролирате ситуацијата, возрасна е и има право да бира за себе и да живее со последиците, но може да контролирате како вие и сопругот ќе реагирате.

Можете искрено да ѝ кажете дека нема да присуствувате затоа што приоритет ви е вашето и здравјето на сопругот и потоа ако одлучи да прави свадба тогаш да обезбедите некоја техничка поддршка и преку апликација во реално време да ја следите свадбата.

Потоа, кога ќе се врати дома може да испланирате интимна прослава за најблиските членови на семејството, откако ќе се тестираат сите за корона или ќе минат барем 2 седмици во карантин.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *