Рецепт : Сладолед од лубеница со само 2 состојки – вистинско летно освежување

Топлите летни денови се незамисливи без ладна лубеница. Ако сте љубител на вкусот, пробајте го овој лесен рецепт за освежувачки сладолед од лубеница.

sladoled-od-lubenica-so-samo-dve-sostojki-vistinsko-letno-osvezuvanje-01.jpg

Потребни состојки:

  • 700g лубеница исчистена од семки
  • 250ml грчки јогурт или кондензирано млеко

Подготовка:

  • Во една тава или кутија ставете парче хартија за печење.
  • Лубеницата исечете ја на мали коцки и распределете ја низ тавата. Ставете ја во замрзнувач 3 часа.
  • После 3 часа извадете ја лубеницата и започнете со подготовка на сладоледот. Половина од лубеницата ставете ја во блендер и блендајте додека не добиете мазна смеса.
  • Потоа додадете го јогуртот или кондензираното млеко и остатокот од лубеницата.
  • Смесата ставете ја во сад погоден за замрзнување 2-3 часа.
sladoled-od-lubenica-so-samo-dve-sostojki-vistinsko-letno-osvezuvanje01.jpg

Сладоледот ви е готов и подготвен за сервирање.

sladoled-od-lubenica-so-samo-dve-sostojki-vistinsko-letno-osvezuvanje01_1.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *