Баба (88) и дедо (91), кои се 61 година во брак, заедно ја победија короната

Мајкл, на кој му биле прогнозирани само уште 48 часа живот, велел дека сака да закрепне за да се грижи за својата сопруга која исто како него се заразила со корона.

baba-88-i-dedo-91-koi-se-61-godina-vo-brak-zaedno-ja-pobedija-koronata-01.jpg

Џилијан (88) и нејзиниот сопруг Мајкл (91) од Велика Британија, кои се 61 година во брак, заедно го победија корона вирусот и на 17-ти јули ја напуштија болницата Leicester Royal Infirmary.

Тие минаа 3 седници во болница, а персоналот на болницата се трудел оброците парот да ги има заедно.

baba-88-i-dedo-91-koi-se-61-godina-vo-brak-zaedno-ja-pobedija-koronata-02.jpg

„Сакам да ми биде подобро за да се грижам за мојата сопруга, сакам да сум тука за Џилијан“, изјави романтичниот Мајкл.

„Тоа што сме пуштени од болница на ист ден е посебно за нас затоа што бевме заедно на ова патување за закрепнување“, велат тие.

baba-88-i-dedo-91-koi-se-61-godina-vo-brak-zaedno-ja-pobedija-koronata-04.jpg

Инаку во еден миг на Мајкл му биле прогнозирани само 48 часа живот и тој ги контактирал 3-те сина за да се збогува, но изненадно закрепнал.

Парот процесот на закрепнување ќе го доврши дома.

baba-88-i-dedo-91-koi-se-61-godina-vo-brak-zaedno-ja-pobedija-koronata-03.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *