Храброст или лудост: Мечка душка девојка додека планинари, а таа си прави селфи (видео)

„Остани мирна, не мрдај“ се слуша на снимката на која до девојка се приближува мечка која ја душка од сите страни и ја допира по телото, исправена колку неа.

hrabrost-ili-ludost-mechka-dushka-devojka-dodeka-planinari-a-taa-si-pravi-selfi-video-01.jpg

Замислете да шетате по планински пат и додека одмарате до вас да дојде мечка која ќе ве душка од сите страни – што би направиле?

На Твитер се појавија неколку снимки од Чипинкуе, планина во Мексико во чија околина има мечки кои во последно време многу почесто се среќаваат со луѓе.

На снимките се гледаат три девојки како одмараат од планинарење, а до една од нив се доближува мечка исправена колку неа, која ја душка и допира по телото.

Очевидците ја смируваат, ѝ велат да остане мирна и да не мрда, а кога мечката ќе си замине девојката се повлекува наназад.

Она што е уште почудно и ги збуни сите, е тоа што на друга снимка може да се забележи како девојката прави селфи со мечката, иако во препораките од надлежните за тоа како луѓето да се однесуваат во присуство на мечка, нагласено е да останат мирни, да не застануваат помеѓу мајка и бебе мечка, да не ги хранат, да се засолнат и да не ги фотографираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *