„Јас сум му „секс пријателка“ на мажот што го сакам, но сакам да ми се посвети“

jas-sum-mu-seks-prijatelka-na-mazhot-shto-go-sakam-no-sakam-da-mi-se-posveti-01.jpg

Исповед на 34-годишна жена: 

„Јас сум му рамо за плачење и „секс пријателка“. Тој е човекот што го сакам, но тој не сака да ми се посвети и да бидеме во сериозна врска.

Се сретнавме пред 2 години. Тој има 35, а јас 34.

Бевме блиски пријатели 6 месеци. Тој се бореше со болката од разводот.

Потоа ме праша да му бидам девојка. Бев пресреќна. Моите пријателки го обожаваа.

Но, ненадејно ја прекина врската.

Мислам дека се исплаши дека ќе го повредам како што го повреди поранешната сопруга. Но, сексот беше толку неверојатен што продолживме со тоа.

На неколку седмици се гледаме за тоа. Кога и да пукне со прстите јас сум таму за него.

Поддршка сум му и сум комплетно опседната со него.

Но, размислувам дека сум му послужена на тацна секогаш кога има потреба од секс или утеха од мене, па која би била неговата мотивација да се промени?

Не покажува дека ме цени на никаков начин.

Искрено донесов одлука, ќе престанам со сексот со него освен ако не ми се посвети и ако не каже дека сака да биде во врска со мене.

Ова навистина не води никаде. Се измачувам веќе долго време.

Плус, си го губам времето и не давам шанса на никој друг. Некој маж од околината можеби има сериозни намери со мене, а јас на овој му служам за пополнување на времето.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *