Зошто сите ја обожаваат летната торта со маслиново масло, која ја проба и Ким Кардашијан?

Откако Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотка од необичната торта од маслиново масло, светот преку ноќ почна да го испробува рецептот.

zosto-milioni-lugje-ja-falat-letnata-torta-so-maslinovo-maslo-1.jpg

Се работи за рецепт на Лиз Рот, која во екот на карантинот смисли здрава торта, а истата пробаа да ја направат Ким и Кајли.

zosto-milioni-lugje-ja-falat-letnata-torta-so-maslinovo-maslo-02.jpg

Предноста е што може да стои со денови, а вкусот да остане ист како првиот ден кога сте ја направиле, па многумина ја ставија на листата омилени летни десерти.

Состојки:

  • 300ml маслиново масло
  • 2 шолји брашно
  • Сок од 1 портокал
  • Кора од 1 портокал
  • Малку есктракт од ванила
  • 1 шолја шеќер
  • 3 јајца
  • 2 лажички прашок за печиво
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • Малку сол

Подготовка:

  • Прво измешајте ги прашкастите состојки.
  • Посебно изматете го маслото со јајцата, ванилата, сокот и кората од портокалот, па постепено додавајте ги во сувата смеса. Измешајте додека не се изгубат сите грутки.
  • Истурете ја смесата во тава обложена со мрсна хартија. Печете 40-50 минути на 180 степени.
  • Изладете и посипете со шеќер во прав или овошје по желба.
zosto-milioni-lugje-ja-falat-letnata-torta-so-maslinovo-maslo-2.jpg

Напомена: Тортата не смее да се чува во фрижидер, исклучиво на собна температура.

zosto-milioni-lugje-ja-falat-letnata-torta-so-maslinovo-maslo-3.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *