Пар посвоил момче кое имало уште 4 биолошки браќа и сестри во дом – кога дознале ги посвоиле сите

Пар посвоил момче од дом за деца без родители, но кога дознале дека има уште 4 биолошки браќа и сестри во дом, ги посвоиле сите, па заедно со нивните 3 деца сега се 10-члено семејство.

par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site-01.jpg

Анди и Томас Бонура се пар од Тексас кои имаат 3 биолошки деца – Џои (11), Сади (10) и Дафне (8).

Во првата бременост Анди носела близначиња кои се родиле предвреме, а само Џои успеал да преживее и има церебрална парализа, а неговата близначка за жал ја загубиле.

Иако мислеле дека нема да имаат повеќе биолошки деца по трауматското искуство, сепак добиле уште две дечиња, кои исто така се родиле предвремено, заради што докторите ги советувале дека не е добро да продолжат да се обидуваат со биолошки деца.

Со оглед на тоа што парот сака големо семејство, во 2017-та решиле да го посвојат бебето Брајсон, кој сега има 2 години и живее со нив.

par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site-02.jpg

Момчето имало уште 4 биолошки браќа и сестри во други домови, кои ги посетувале и посакале да живеат со нив, па парот не можел да одолее на оваа нивна желба.

Пред 2 месеца, преку Zoom видео повик го договориле посвојувањето, ги посвоиле децата, а соседите прославиле за нив со автомобилска парада во соседството.

par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site-03.jpg

Секоја чест за овие родители кои не дозволиле дечињата да трпат повеќе неправда и ги обединиле, и покрај тоа што целиот процес на посвојување бил тежок и емотивен за нив. Сега сите заедно живеат среќно и уживаат во авантурите.

par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site05.jpg
par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site08.jpg
par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site06.jpg
par-posvoil-momche-koe-imalo-ushte-4-bioloshki-brakja-i-sestri-vo-dom-koga-doznale-gi-posvoile-site-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *