11 реченици кои го прават изневерувањето уште полошо

Многу жени се нашле во следнава ситуација: Решава да си ги отвори емотивните болки и да сподели дека партнерот ја изневерил, а веќе неколку секунди подоцна слуша реченица која црното сценарио го прави уште полошо.

11-recenici-koi-izneveruvanjeto-go-pravat-uste-poloso-01.jpg

Па, ако сте пријателка, мајка, колешка или едноставно човек кој не сака да дотура сол на раната, избегнувајте да го кажете следново:

„Со оглед на тоа колку е згоден, не е чудно што те изневерил. Сигурно жени го напаѓаат од сите страни.“

„Ни се случило на сите, во ред е.“

„Ти си предобра за него.“

„Дали барем беше позгодна?“

„Никогаш не ми се чинеше како добар избор за тебе.“

„Треба да престанеш да мислиш на него и да се занимаваш со нешто друго. Најди си некое хоби.“

„Под итно тестирај се за полово преносливи болести.“

„Престани да паѓаш на ист тип на момци.“

„Пребирлива си.“

„Најлесно ќе го заборавиш ако спиеш со некој друг.“

„И сериозно не знаеше дека те изневерува?“

„Од почеток не ми се допаѓаше…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *