„Двајцата чувствуваат дека бракот е готов“ – Ким и Канје Вест пред развод, плус фотки од раперот по скандалот

Ким отворено проговори за биполарното растројство на нејзиниот сопруг, а според изворите споменала и развод, исто како и Канје.

dvajcata-chuvstvuvaat-deka-brakot-e-gotov-kim-i-kanje-vest-pred-razvod-plus-fotki-od-raperot-po-skandalot-01.jpg

Канје Вест, по сите скандали што ги направи, се релаксира со шопинг со еден свој пријател. Тој пазареше детска облека со коса офарбана во црвено и со маска на лицето.

Инаку, неговата сопруга Ким Кардашијан попушти и отворено проговори дека се чувствува беспомошно и дека нејзиниот сопруг страда од биполарно растројство и дури по еден испад почнал да прима и терапија.

dvajcata-chuvstvuvaat-deka-brakot-e-gotov-kim-i-kanje-vest-pred-razvod-plus-fotki-od-raperot-po-skandalot-04.jpg

Извори блиски до парот тврдат дека Ким (39) и Канје (43) веќе живеат одвоено, а дека ситуацијата во нивниот брак најмногу се влошила во периодот на карантинот.

dvajcata-chuvstvuvaat-deka-brakot-e-gotov-kim-i-kanje-vest-pred-razvod-plus-fotki-od-raperot-po-skandalot-02.jpg

Прво Канје спомена развод и ги шокираше фановите. Тој е во брак со Ким од ноември 2018 година. Но, извор близок до раперот и ријалити ѕвездата вели дека желбата за крај на бракот е взаемна и дека и Ким сака да стави точка на оваа заедница.

dvajcata-chuvstvuvaat-deka-brakot-e-gotov-kim-i-kanje-vest-pred-razvod-plus-fotki-od-raperot-po-skandalot-05.jpg

„Помеѓу нив нема добра комуникација, особено со случувањата во последниот период двајцата чувствуваат дека бракот е готов“, вели изворот.

dvajcata-chuvstvuvaat-deka-brakot-e-gotov-kim-i-kanje-vest-pred-razvod-plus-fotki-od-raperot-po-skandalot-03.jpg

Наводно ситуацијата долго била лоша, а сега само ескалирала со кандидатурата на Канје за претседател на САД, изнесувањето на интимни детали од нивниот брак и скандалозните твитови во кои ја напаѓа не само Ким, туку и нејзината мајка Крис Џенер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *