Што се случува со вашето тело кога се воздржувате од секс?

Речиси секој барем еднаш во животот имал „сушен“ период, без секс, без разлика дали поради сплет на околности или поради своја волја.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-se-vozdrzhuvate-od-seks-01.jpg

Сексуалната апстиненција е навистина личен избор, и луѓето се одлучуваат на неа од најразлични причини или пак се приморани заради разни околности. Сепак, воздржувањето од секс може да предизвика и некои неочекувани промени во човечкото тело.

Погледнете што сè се случува со организмот ако немате секс подолг период:

Повеќе стрес

За време на секс, во телото се лачи допамин, серотонин и окситоцин – хормони кои го подобруваат расположението. Зголеменото ниво на овие хормони, особено во комбинација со оргазам, им помага на луѓето да се опуштат.

Кога немате секс, можете да бидете лишени од овој наплив на „хормони на среќа“ и да се чувствувате понапнато.

Послаб имунитет

Некои истражувања покажале дека оргазмот може да го зајакне нашиот имунитет.

shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-se-vozrdzhuvate-od-seks-03.jpg

Проблеми со спиење

Серотонинот е една од причините зошто ви се спие после секс – овој хормон помага и во регулирањето на сонот, а може да ја подобри и вашата концентрација.

Чувство на изолација

За луѓето кои биле навикнати често да имаат секс, наглиот прекин може да резултира и со ментални проблеми, како чувство на изолација, депресија и слично.

Причината е што за време на секс не чувствуваме само физичка, туку и психичка поврзаност, па кога немате секс, ви недостасува оваа близина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *