The Dark Knight и четири филмски сетови на кои загинале луѓе

Кога се снима филм, се следат цела низа прописи и правила со цел членовите на филмската екипа да бидат безбедни.

the-dark-knight-i-pet-filmski-setovi-na-koi-zaginale-lugje-01.jpg

Но неретко, актерите или двојниците мораат да снимаат и опасни сцени, каде што безбедноста не им е гарантирана, а најмалата грешка може да биде смртоносна.

За жал, постојат филмски сетови на кои се случиле трагични несреќи, а во продолжение дознајте за пет од нив:

The Crow

Ова е улогата што требаше да го направи Брендон Ли филмска ѕвезда, но наместо тоа му го одзеде животот.

Во филмот има сцена каде што еден од ликовите користи пиштол со кој треба да го застрела ликот на Брендон. Кога се снимаат вакви сцени се користи лажна муниција за да се избегнат несреќите. Но, во пиштолот имало вистински куршуми, па Брендон бил застрелан во стомакот.

Актерот имал и повреда на ’рбетот и бил пренесен во болница, но веќе било предоцна.

the-dark-knight-i-pet-filmski-setovi-na-koi-zaginale-lugje-02.jpg

The Dark Knight

Некои веруваат дека оваа улога имала лошо влијание врз Хит Леџер и можеби е причина за неговото случајно предозирање. Но, со сигурност се знае дека Конвеј Виклиф, техничарот за специјални ефекти, загинал на филмскиот сет.

Кристофер се наоѓал во автомобил, кога возачот удрил во едно дрво. Добил смртоносни повреди бидејќи возачот не успеал да сврти навреме како што требало.

the-dark-knight-i-pet-filmski-setovi-na-koi-zaginale-lugje-03.jpg

The Expendables 2

Филмот во кој се појавуваат најголемите акциони ѕвезди, како Силвестер Сталоне и Чак Норис, е засенет и со трагедија.

Каскадерот Кун Лиу загинал за време на снимањето на сцена со запален брод. Во истата несреќа, уште еден каскадер, Нуо Сан, претрпел тешки повреди.

the-dark-knight-i-pet-filmski-setovi-na-koi-zaginale-lugje-04.jpg

Top Gun

Пилотите кои биле дел од филмската екипа се искусни, а биле преземени и сите мерки за безбедност. Сепак, за време на летање пилотот може да се соочи и со опасност за која не е подготвен.

Пилотот Арт Шол требало да го ротира неговиот авион околу неговата оска. Но, не успеал да ја врати контролата над авионот после маневрот и се срушил. Филмот е посветен на него.

the-dark-knight-i-pet-filmski-setovi-na-koi-zaginale-lugje-05.jpg

Twilight Zone: The Movie

Во филмот има сцена каде што актерот Вик Мороу е нападнат од американски војници во Виетнам. Во сцената се појавува и хеликоптер, кој од непознати причини бил неисправен.

Главните перки на хеликоптерот му ја пресекле главата на Вик, и убиле уште две деца.

Подоцна авторите на филмот беа тужени за бројни неправилности и незаконско запоставување деца. Откако на суд биле покажани фотографиите од несреќата, обвинетите биле прогласени за невини.

the-dark-knight-i-pet-filmski-setovi-na-koi-zaginale-lugje-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *