Браво! Од улицата покрај морето, Солун пренамени една автомобилска лента за велосипедисти

Што сѐ би дале сега за едно кафе покрај море во Солун? За жал, ова ќе мора да почека, но сепак оттаму стигнуваат убави вести кои треба да нѐ поттикнат да направиме вакви промени и во Скопје.

bravo-od-ulicata-pokraj-moreto-solun-edna-avtomobilska-lenta-ja-prenamenuva-vo-2-velosipedski-01.jpg

Дали и вие кога одите во Солун сте воодушевени од бројот на велосипедисти, но и едновремено иритирани колку простор зафаќа велосипедската патека од пешачката зона?

Сега, ситуацијата покрај морето ќе биде сосема поинаква.

Солун полека се стреми кон тоа да стане велосипедски град, а доказ за ова е последната промена со која дел од лентите за автомобили е претворен во лента за велосипедисти, а пешачката зона е проширена.

„Од познатата крајобална улица Солун одзема една автомобилска лента и ја пренаменува во 2 велосипедски ленти.

Сега патеката покрај морето ќе биде целосно за пешаци и нема да си сметаат едни со други велосипедистите и пешаците.

До распределбата на просторот е. Таа мора да биде поправична.

Солун е град каде има повеќе пешачки зони и тие и тротоарите навистина се слободни од автомобили, за разлика од Скопје.

Но сепак, тротоарите знаат да се тесни, велосипедски патеки има многу малку и доминираат автомобили во градската слика. Затоа, ова е значајна промена напред.

Највредните градски простори (покрај реки, езера, море) мора да се простори за луѓе, а не автоцентрични.“, напишаа на Фејсбук профилот НаТочак, кој е одличен мотиватор за тоа и Скопје да стане велосипедски град.

POP Up велосипедска лента и во Солун!Од познатата крајбрежна улица Солун одзема една автомобилска лента и ја…

Posted by НаТочак – NaTochak on Thursday, 23 July 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *