Жена била исфрлена од авион зошто не сакала да носи маска – патниците аплаудирале (видео)

Некултурна жена одбила да носи маска при авионски лет, па затоа добила добра лекција и од авионскиот екипаж и од другите патници.

zhena-bila-isfrlena-od-avion-zoshto-ne-sakala-da-nosi-maska-patnicite-aplaudirale-video-01.jpg

Дали и вас ве нервираат луѓето кои упорно одбиваат да носат маски и со тоа го загрозуваат здравјето на сите? Глуви за препораките и своеглави, тие не си штетат само себеси, туку им штетат и на другите.

Една таква жена се нашла и на летот од Охајо до Северна Каролина со кој патувала и Џордан Слејд, која го снимила виралното видео.

Жената одбила да стави маска иако било дадено упатство дека сите патници мора да носат маски при целото патување. Наводно, имала здравствени проблеми и не можела да носи маска.

Сепак, тоа не било прифатено од страна на персоналот на авиокомпанијата AmericanAir и таа била исфрлена од авионот.

Џордан ја снимала лутата и револтирана жена додека си ги собира работите и го напушта авионот, а сите патници аплаудирале за потегот што некултурната жена била исфрлена.

Добра лекција, зарем не?

Видеото стана вирален хит:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *