Само Балканци се способни за ваков изум: Маж си го претворил камионот во базен (фото)

Сопругата го искарала и му рекла дека не е нормален, но на крајот ѝ се допаднала идејата – маж од Хрватска си направил базен во камионот, бидејќи периодов нема работа со него.

samo-balkanci-se-sposobni-za-vakov-izum-mazh-si-go-pretvoril-kamionot-vo-bazen-foto-01.jpg

Балканците некогаш навистина се истакнуваат по своите изуми кои на никој друг не може да му паднат на памет.

Иван Вукоје (31) вообичаено разнесува камен со камионот, но летово работата е намалена, па дошол до генијална идеја – камионот да го претвори во базен.

samo-balkanci-se-sposobni-za-vakov-izum-mazh-si-go-pretvoril-kamionot-vo-bazen-foto-02.jpg

Со неговиот татко имаат 9 камиони и возат разна роба, а еден од нив е наменет исклучиво за развезување камења. Летово нема работа за него, па наместо да стои паркиран залудно, Иван му нашол „чаре“.

Неговата сопруга долго време посакувала базен во двор, а тој од приколката од камионот направил голем базен. Тој вели дека кога ја слушнала идејата не ѝ се допаднала и му рекла дека не е нормален, но потоа попуштила.

Се собрал со неколку пријатели, ја исчистил приколката, ја обложил со градежни фолии и го средил со сите потребни материјали за да биде безбеден за капење, а дури и има филтер за прочистување.

samo-balkanci-se-sposobni-za-vakov-izum-mazh-si-go-pretvoril-kamionot-vo-bazen-foto-03.jpg

Сега семејството и пријателите уживаат во неговиот базен, за кој мислењата се поделени.

Би се бањале ли во базен во камион?

samo-balkanci-se-sposobni-za-vakov-izum-mazh-si-go-pretvoril-kamionot-vo-bazen-foto-004.jpg
samo-balkanci-se-sposobni-za-vakov-izum-mazh-si-go-pretvoril-kamionot-vo-bazen-foto-05.jpg
samo-balkanci-se-sposobni-za-vakov-izum-mazh-si-go-pretvoril-kamionot-vo-bazen-foto-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *