Иритација, црвенило – Решенија за честите летни проблеми со бикини зоната

Бикини зоната претставува сериозен проблем и предизвик во летните месеци, поради облекувањето на костими за капење.

iritacija-crvenilo-resenija-za-cestite-letni-problemi-so-bikini-zonata-1_resize.jpg

Жилетите и лентите за депилација ни се секојдневие, а посебно внимание треба да обрнете на 9 работи.

Како да ги решите летните проблеми со бикини зоната?

1. Избегнувајте рамни, еднократки жилети и бричеви за отстранување на влакненцата. Тапите жилети само ви ја иритираат кожата, без да ги отстранат влакненцата. Секогаш користете бричеви со што повеќе жилети може.

2. По депилацијата не облекувајте синтетичка облека, танга или чипкаста долна облека. Носете памучна долна облека барем 24 часа потоа.

3. Повлекувајте го бричот во насоката на која растат влакненцата. Не преминувајте повеќепати на истото место.

4. Не нанесувајте лосион со силни мириси и бои во нив, како и разни тешки хемикалии. Најдобра опција се лосионите со алое вера.

iritacija-crvenilo-resenija-za-cestite-letni-problemi-so-bikini-zonata-2_resize.jpg

5. Омекнете ја бикини зоната пред бричењето, со млака вода и производи за хигиена на интимното подрачје. Не го користете бричот на суво.

6. Не користете обичен сапун за бричење, преферирајте соодветни креми и пени за бричење.

7. Користете восок само за влакненца подолги од половина сантиметар. Во спротивно, само ќе ги искинете влакната и ќе ја иритирате кожата.

8. Не се сончајте непосредно пред и по депилацијата.

9. По депијацијата и бричењето избегнувајте базени и бањање во солена вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *