Позитива на денот – неодоливо мирното кученце кое позира со пеперутки на носот (видео+фото)

„Ова е Мајло. Тој е кралот на пеперутките“. Вака го започнува описот сопственикот на слаткото кученце кое очигледно е толку многу мирно што дозволува пеперутките слободно да му слетуваат на носот и лицето.

Kucence-koe-pozira-so-peperutki-na-nosot-01.jpg

Мајло, новошкотски ретривер, го следат над 25 илјади обожаватели на Инстаграм и тој е совршен позер – мирен и харизматичен. Живее во Лос Анџелес, а обожава природа, вода, цвеќиња и повеќе од очигледно – пеперутки.

Погледнете го мирното кученце кое позира со прекрасните крилести инсекти:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *