Раствор со кој ќе ги спасите овенатите цвеќиња

За подготовка на овој раствор нема да потрошите ни денар, а ќе ви заштеди многу пари на средства за прихрана на растенијата.

rastvor-so-koj-ke-gi-spasite-ovenatite-cvekinja-1.jpg

Само треба во една тегла со вода да ставите неколку кори од банани и да оставите течноста да отстои 24 часа.

Една жена од Австралија ја откри оваа мешавина на социјалните мрежи, објаснувајќи дека бананите содржат калиум, фосфор и калциум, кои имаат позитивен ефект на растенијата. Хранливите минерали посебно им одговараат на цвеќињата во фаза на опоравување.

rastvor-so-koj-ke-gi-spasite-ovenatite-cvekinja-2.jpg

Со течноста која ја оставивте да се соедини 24 часа, само треба да ги заливате билките кои почнале да венеат.

Совет е и растенијата кои не виреат добро, барем еднаш неделно да ги пребришувате со влажна крпа по листовите, за да се отстрани прашината и повторно да може растението да дише.

rastvor-so-koj-ke-gi-spasite-ovenatite-cvekinja-1.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *