Со DMC BALKANS на одмор во „Ресорт Рафаело“

DMC BALKANS ОВА ЛЕТО ВЕ ВОДИ ВО РЕСОРТ РАФАЛЕО – повеќе информации на 046 256 333

Ова што го гледате на снимките не е некој хотел во Анталија, туку е многу поблиску до нас. Во соседна Албанија на само три и пол часа возење од Охрид и Скопје.

Во малото приморско гратче Свети Јован, ( на Албански Шен Џен ) во северниот дел на Албанија лоциран е ресортот Рафаело кој претставува цел комплекс со повеќе од 600 соби кои се комотни и модерно опремени.

Во комплексот има 4 конференциски сали, а има и салон за масажа, супер маркет, продавница за летни реквизити.

Комплексот е целосно обезбеден со подземен паркинг на два ката кој има капацитет да ги прими сите возила на гостите.

Плажата пред Ресорт Рафаело е песочна и доволно пространа, опремена со лежалки и чадори за сонце, а обезбедена е и зона за деца.

Ресортот се простира на 30.000 метри квадратни, има вкупно шест ресторани,во кои има пицерија како и фаст фуд ресторан.

Тука е и руф топ ресторанот Плаза кој е на 10 тиот кат, а веднаш над него е лаунџ барот кој е на 11 кат.

Во руф топ ресторанот Плаза можете да вкусите одлична храна припремена од врвни готвачи, а во понудата се и високо квалитетни вина од Франција и Италија.

Од врвот на Плаза се пружа и неповторлива глетка на зајдисонцето на хоризонтот од Јадранско Море.

Ресортот има пет базени од кои три отворени, еден затворен и еден полуотворен базен.

Ресортот Рафаело поседува уште една плажа која е на 15тина минути возње северно од гратчето Свети Јован и до која се стигнува возејќи низ прекрани предели полни со зеленило и недопрена природа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *