Актери на кои им се предвидуваше блескава кариера, но останаа запомнети по само една улога

Знаевте ли дека секоја година, во Холивуд се снимаат над 500 филмови од сите жанрови?

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-01.jpg

Некои од нив заработуваат милиони, додека другите не ни успеваат да добијат проекција во кино. Истото се случува и со актерите – некои стануваат ѕвезди, но некои остануваат запомнети по само една улога.

Во продолжение погледнете ги актерите и актерките кои се нашле во оваа положба:

Џенифер Кулиџ е најпозната по улогата во American Pie, каде што ја глуми мајката на Стифлер. Таа уште работи како актерка, но не добива главни улоги.

На 27 години, Џенифер Греј ја имаше главната улога во Dirty Dancing, за која заработи и номинација за Златен Глобус. Но, ова беше врвот на нејзината кариера и таа никогаш не го повтори успехот.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-03.jpg

Елизабет Беркли остана запомнета по улогата во Showgirls – филм кој беше доста критикуван. Елизабет си заработи Златна малина за улогата и иако филмот стана класика со текот на времето, актерката никогаш не виде успех.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-04.jpg

Филмот Alien ја направи Сигурни Вивер една од најпознатите актерки, па дури и донесе и номинација за Оскар. Иако актерката се има појавено во многу филмови, сите ја помнат како Елен Рипли.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-05.jpg

Роуан Аткинсон го насмеа целиот свет со неговиот препознатлив лик. Иако тој има уште неколку интересни улоги, изгледа за јавноста засекогаш ќе биде Мистер Бин.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-06.jpg

Тоби Мегваер заврши одлична работа како Спајдермен, но ни тој не постигна значаен успех после трилогијата.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-07.jpg

Пред серијата House, Хју Лори не беше многу познат надвор од Велика Британија. Оваа улога му донесе и Златен Глобус, но остана запомнат само по неа.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-08.jpg

Џоди Фостер ја доби првата номинација за Оскар на само 14 години. Иако актерката има два Оскари, изгледа не успеа да „избега“ од улогата на Кларис Старлинг од Silence of the Lambs.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-09.jpg

Бенедикт Камбербач се покажа како одличен Шерлок Холмс и иако оттогаш се појави во многу холивудски филмови, вклучувајќи ги и оние на Marvel, засекогаш ќе го помниме како Шерлок.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-10.jpg

Џим Парсонс беше совршениот избор за ексцентричниот гениј Шелдон Купер и го препознаваат дури и оние кои не ја гледале серијата. За жал, освен оваа улога, не се појави во ништо позначајно.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-11.jpg

Сите ја знаеме Ким Катрал како Саманта од Sex and the City. Всушност, нејзиниот лик е можеби и попопуларен од оној на Сара Џесика Паркер. Ким остана запомнета по серијата, но наводно, веќе и неа ѝ било „преку глава“, па одби да се појави во третиот филм направен според серијата.

akteri-na-koi-im-se-predviduvashe-bleskava-kariera-no-koi-ostanaa-zapomneti-po-samo-edna-uloga-12.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *