Домашен сок од нане: вистинско освежување за топлите летни денови

Во топлите летни денови најдобро е да пиеме вода, но понекогаш сакаме да вкусиме и нешто освежително.

domashen-sok-od-nane-vistinsko-osvezhuvanje-za-toplite-letni-denovi-01.jpg

Покрај овошните сокови и чаевите, можете да пробате да си направите и сируп од нане што дефинитивно ќе ве освежи.

Потребни состојки:

  • 10 гранчиња нане
  • Шеќер по желба
  • 10-тина грама лимонска киселина
  • Лимон

Начин на подготовка:

  • Потопете ги гранчињата нане во вода со лимонска киселина и парчиња лимон. Добро измешајте и оставете да отстои 24 часа на темно место.
  • Следниот ден прецедете ја течноста, додајте го шеќерот и добро промешајте. Повторно оставете да отстои 24 часа, со повремено мешање.
  • Следниот ден сирупот е подготвен за складирање. Најдобро да го ставите во стаклени шишиња и да го чувате на студено и темно место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *