Математички предизвик: Како може резултатот да биде 30?

Во последно време многу лесно луѓето се „навлекуваат“ на математички задачи кои на прв поглед делуваат тешки и невозможни, а во суштина само треба да размислувате логички, наместо математички.

matematicki-predizvik-kako-29-minus-1-moze-da-bide-30-1.jpg

Таква е и оваа, каде се тврди дека 29 – 1 = 30.

Како е можно?

Добро размислете, не брзајте и „излезете надвор од кутијата“ со начинот на размислување.

.

.

.

.

Решение:

Сите броеви треба да ги напишете со римски броеви. Следен чекор е, наместо математички да го одземете бројот 1, комплетно да ја тргнете единицата од бројот XXIX. Тогаш без проблем ќе добиете резултат 30.

matematicki-predizvik-kako-29-minus-1-moze-da-bide-30-2.jpg

Деталното објаснување е во видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *