Сокол уловил невообичаен „плен“ – зошто не треба да ги фрлате маските на земја?

Некултурата и несовесноста на луѓето се одразува на животинскиот свет – мислејќи дека е храна, бебе-сокол „уловил“ фрлена, искористена маска која во еден момент му се заплеткала меѓу канџите.

sokol-ulovil-nevoobichaen-plen-zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-maskite-na-zemja-001.jpg

За жал сведоци сме дека и кај нас несовесните луѓе по употреба на заштитните маски, истите ги фрлаат не во канта, туку на земја.

Фотограф на животински свет во Јоркшир, Англија, успеал да фотографира сокол во лет, а дури откако ги разгледал фотографиите го увидел невообичаениот „плен“ помеѓу канџите.

sokol-ulovil-nevoobichaen-plen-zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-maskite-na-zemja-05.jpg
sokol-ulovil-nevoobichaen-plen-zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-maskite-na-zemja-06.jpg
sokol-ulovil-nevoobichaen-plen-zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-maskite-na-zemja07.jpg

„Бев таму да го фотографирам младиот сокол кој сигурно беше 3-4 недели стар, тоа се прекрасни птици. Кога ги видов сликите, прво мислев дека е пластична кеса, но потоа сфатив дека е заштитна маска. Соколот сигурно мислел дека е храна и ако го изел тоа, ќе умрел.

Леташе со маската 10-тина минути и во еден момент му се заплетка помеѓу канџите. Оваа птица е една од најзаштитените во земјата и ова беше многу тажна глетка. Зошто луѓето не може да ги фрлат маските соодветно?“- вели 53-годишниот Стив Шипли.

sokol-ulovil-nevoobichaen-plen-zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-maskite-na-zemja-03.jpg
sokol-ulovil-nevoobichaen-plen-zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-maskite-na-zemja-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *